Случај „Тениес“ во Германија: 650.000 луѓе назад во карантин
Кај-Александер Шолц
24 јуни 2020
Германија во борбата против Ковид-19 се потпира на компетентноста на локалните власти. Во Гитерсло и Варендорф, овој концепт е ставен на сериозен и голем тест. Може ли да се спречи втор бран?
Реклама
За првпат во борбата против пандемијата на Ковид-19, два цели окрузи во Германија се вратени во режим на карантин, каков што важеше на национално ниво, од март до мај. Станува збор за округот Гитерсло во покраината Северна Рајна Вестфалија (НРВ) со 370.000 жители, споредлив по површина со главниот град Берлин со некои предградија, и округот Варендорф со 280.000 луѓе.
Причина е масовната појава на инфицирани во кланицата на компанијата „Тениес“ во Реда-Виденбрик во областа Гитерсло. Станува збор за најголемиот производител на месо во Европа. Според досегашните бројки, од 7.000 вработени во оваа фабрика, 1550 се позитивни на Ковид-19. Фабриката беше затворена, вработените беа испратени во двонеделен домашен карантин.
Како можеше да се појави овј кластер се истражува во моментов. Процесот на инфицирање мора да бил активен со недели, политичарот и здравствен експерт Карл Лаутербах.
Забрана за контакти, но не и за напуштање на окрузите
Музеите, базените и спортските клубови мора повторно да затворат. Контакти со луѓе надвор од сопственото домаќинство не смее да има. Училиштата и градинките остануваат затворени. Но, патувањето и и одењето на годишен одмор остануваат дозволени, рече премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, при објавувањето на мерките. Забрана за излегување од окрузите не е воведена. Сите заштитни мерки важат само за округот. Секој што ќе ги напушти е засегнат само од општите ограничувања во Германија.
Лашет предупреди да не стигматизираат граѓаните од овие области на други места во Германија. Имано претходниот ден имаше извештаи дека хотелите во земјата ќе ги откажат резервациите на гостите кои доаѓаат од округот Гитерсло. Покраините Баварија и Мекленбург Предна Померанија дури воведоа и забрана за сместување за туристи од Гитерсло.
Како една од најважните и најитни задачи Лашет ја истакна контролата на луѓето во домашнен карантин. Стотици дополнителни полицајци ќе бидат распоредени за оваа намена. Хуманитарните организации треба да обезбедат снабдување со храна. 100 мобилни здравствени тимови треба да возат низ окрузите, да ги посетуваат семејствата на работниците и да спроведуваат тестови. Придружувани од полицајци - и пред сè од преведувачи: бидејќи многу работници на кои сега треба да им се објаснат мерките, не зборуваат германски.
Како да не им дадете шанса на вирусите и бактериите во кујната?
Во време на пандемија на коронавирусот особено важна е хигиената, не само личната. Редовното и правилно миење раце е главната „заповед“ за личната хигиена но постојат и златни правила за хигиена во кујната.
Фотографија: Johanna Schmeller
Слушајте ја мајка ви!
Уште од мали научивме: рацете мора задолжително да се мијат пред јадење. Истото важи и за готвењето. Дури и повнимателно, затоа што кога готвиме, можеме да ја загадиме храната со бактерии, која потоа сите ќе ја јадат. Правилното миење на рацете трае најмалку 30 секунди. Насапунети треба да бидат ноктите како и наборите меѓу прстите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Само еднаш не е доволно
Задолжително мијте ги рацете не само пред да започнете со готвењето, туку и во текот на целиот процес. Особено ако сте допреле сурово месо, риба, јајца или отпадоци. Бидејќи сите тие се носители на бактерии кои не треба да се шират на другите производи. Особено на суровата храна, како што се салатите или доматите.
Фотографија: dapd
Одделно месо, одделно зеленчук
За да се избегне контаминација меѓу различните производи, за животинските производи не треба да се користат исти алатки како за другите производи. Ова е особено важно за ножевите и за даските за сечење. Најдобро е да имате специјална даска и специјален нож само за сурово месо. Инаку, пред да ги користите за сечење на зеленчук, даската и ножот треба да се измијат со детергент и со топла вода.
Бактериите се минијатурни. Она што нам ни изгледа како гребаница е огромна шведска маса за салмонелата. Изгребаните кујнски даски многу тешко се мијат. Значи, ако даската е веќе премногу изгребана - подобро да купите нова.
За нас драскотина, за бактериите - вселена
Фотографија: picture-alliance/L. Halbauer
Менувајте ги почесто!
Кујнските крпи, сунѓери и четки се омилено засолниште за бактериитеи вирусите. Затоа, по секоја употреба, тие треба да се исплакнат со врела вода, а потоа да се исушат. Кујнски сунѓери и крпи не треба да се користат повеќе од неколку дена. Потоа треба да ги замените или да ги ставите во машината за перење на 70 степени.
За крпите истото важи како и за сунѓерите: по употребата тие треба да се исушат и да се заменат најмалку еднаш неделно. Со овие крпи, во никој случај не треба да сушите сурово месо или да ги бришете остатоците од протеини - за оваа намена користете хартиени крпи и потоа веднаш фрлете ги.
Фотографија: picture alliance/chromorange/B. Türk
Во ладно. И во кутии.
На температура под 7 Целзиусови степени, повеќето микроорганизми или не се репродуцираат или го прават тоа многу бавно. Затоа храната која брзо се расипува како месо, риба или јајца треба да се чуваат во најстудениот дел во фрижидерот - обично во кутиите на дното. Многу е важно редовно да се мие внатре фрижидерот, бидејќи во спротивно ќе се појават цели колонии бактерии.
Фотографија: Colourbox
Жешко!
Безбеден начин да се уништат вирусите и бактериите е високата температура. Затоа месото, рибата и јајцата секогаш треба да бидат добро термички обработени. Што значи дека внатрешноста на овие намирници треба да се загрева на најмалку 70 степени и најмалку 2 минути. Салатите, зеленчукот и овошјето кои се јадат свежи мораат да бидат добро измиени. И само тогаш можеме да посакаме: Добар апетит!
Централното прашање: Дали епидемијата може да се управува локално?
Клучното прашање, според Лашет, гласи: колку луѓе се инфицирани, а не се работници во „Тениес“. Во моментов има регистрирано 24 вакви случаи. Но неопходна е внимателност, бидејќи никој во моментот не може точно да каже колку е погодено останатото население во окрузите. Затоа, се воведува оваа „состојба на мирување“, истакна Лашет дополнувајќи дека граѓаните на двата погодени окрузи сега можат да се тестираат доброволно. Покраинскиот премиерот најави дека тестови треба да бидат спроведени и кај сите вработени во месната индустрија во Северна Рајна Вестфалија.
За почеток, оваа „состојба на мирување“ треба да трае една недела, до 30 јуни. Бројките ќе покажат што ќе се случува натаму. Лашет не сакаше да одреди јасни гранични вредности и истакна дека експертите ќе треба да го анализираат тоа. „Штом ќе имаме безбедност, карантинот треба да заврши“, порача Лашет. Но, можно е исто така и негово продолжување.
Коронавирус: Кога маката ќе те направи инвентивен
И во иднина ќе треба да живееме со пандемијата на коронавирус. Но, добро е што во меѓувреме има толку многу идеи кои ни го олеснуваат секојдневието со вирусот - иако на некои треба допрва да се навикнуваме.
Фотографија: JF Group GmbH
Добар апетит на вечера во стакленик
Конечно може да се отиде некаде на вечера: рестораните се повторно отворени по повеќе недели пауза. Во Културниот центар Медиаматик во Амстердам гостите можат да јадат во мали „оранжерии“, стаклени куќички, добро заштитени од ветар, временски прилики и коронавирусот кој евентуално може да им го пренесат други посетители. Концептот има добар прием, до крајот на јуни се резервирани сите маси.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Dejong
Во ресторан со стаклена преграда на масите
Во многу ресторани пак на масите се поставува стаклена преграда, како оваа во „Гага кафе“ во Милано. Гостите при јадењето се заштитени од останатите со вграден плексиглас и од поторот меѓу масите, заради намалување на опасноста од инфекција. Заштитна маска сепак е обврска, барем додека не се јаде.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Furlan
Фризерски салони со заштита
Посебни правила во време на пандемијата на коронавирус важат и во фризерските салони. Заштитни маски за уста за фризерите и муштериите, и овде мијалниците се одделени со стаклена преграда. Нема веќе кафе додека се чека во салонот, долго задржување е табу. На муштериите ионака им е важно само повторно да имаат добра фризура.
Фотографија: Imago Images/J. Tack
Судбоносното „да“ пред гостите во автомобили
Кој вели дека свадбите во време на корона мора да бидат без гости? Во едно автокино во Диселдорф младенците склопија брак додека гостите ја следеа церемонијата ѕиркајќи преку шофершајбните од нивните автомобили. На крајот на венчавката следеше бучно свирење со автомобилските сирени. Ова беше прва германска свадба во автокино.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Strauch
„Црни острови“ во канцеларијата
Вака би можело да изгледа бирото на иднината: црни обележани простори на подот покажуваат колку можете да им се приближите на колегите, без да го прекршите правилото за дистанца од два метри. Преградите од плексиглас зад мониторите даваат дополнителна заштита. Но, за оваа визија на „футуристичката канцеларија“ од една филијала во Амстердам е потребно пред сё едно - многу простор.
Фотографија: Reuters/Cushman/Wakefield
Ред при чекањето
Не само во затворен простор, туку луѓето и надвор во идните месеци мора да држат меѓусебно растојание. На станица на метрото во францускиот град Ница стапалките во кругови покажуваат каде смеат да стојат патниците кои чекаат. Слични примери има низ цел свет. Но, и на ваков начин не може да се спречи турканица при влегувањето.
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Едносмерно движење
И во трговските улици во Данска луѓето треба да се движат по определени правила. Исто како и во автомобилскиот сообраќај, во Аалбог важи и за пешаците - секогаш движи се на десната страна. Целта е така да се избегнат премногу блиски средби. Дали тоа навистина функционира, барем на прв поглед, според оваа фотографија, е сомнително.
Фотографија: Reuters/H. Bagger
Живот во шише
Во густо населениот Хонгконг, некои луѓе со пресечено пластично шише не само што се погрижуваат за држење физичка дистанца, туку обезбедуваат и целосна заштита на лицето од евентуални капки кои содржат вирус. Мора да се признае, не изгледа баш удобно, но барем е евтин пронајдок.
Фотографија: AFP/A. Wallace
Направа за отворање врата
Држење физичко растојание е едно, избегнување инфекција преку површини е друго. Многу луѓе при влегувањето во лекарски ординации или јавни тоалети затоа ја отвораат вратата со лакт, но постои и нешто подобро. Овој „отворач на врати“ го решава проблемот, барем така тврди производителот.
Фотографија: JF Group GmbH
9 фотографии1 | 9
Стари проблеми
Случајот Гитерсло ја преокупира германската јавност веќе неколку дена. Станува имено збор и за условите за работа на работниците во кланиците. Како и обично, многу од нив не се постојано вработени, но имаат договори за работа со далеку помалку права. Преку посреднички фирми првенствено вработуваат работници од Полска, Романија и Бугарија. Веќе долго време има извештаи за лошите услови за работа таму.
Договорите за работа особено во месната индустрија одамна се цел на критики. И покрај неколку обиди, сојузната политика досега не успеа да ја реорганизира оваа област. Сега треба да има нов обид, како што може да се слушне од повеќе страни. Компанијата „Tениес“ вети дека ќе ги укине спорните договори за работа за таканаречените основни области до крајот на 2020 година.
Доаѓа ли втор бран?
Случајот Гитерсло исто така е нов тест за стратегијата на политиката за справување со вирусот. Германија досега споредбено се справи релативно добро со пандемијата, изјави оптимистички Лотар Вилер, претседател на институтот „Роберт Кох“, највисок здравствен орган во Германија. Мерките, како што се правилата за физичка дистанца и носење на заштитни маски покажаа делотворност, а населението добро ги почитуваше. Може да се спречи втор бран на инфекции, рече Вилер.
Надвор од сегашните жаришта како Гитерсло, стапката на нови инфекции останува ниска. Нема пријавено нови случаи во повеќе од една третина од сите германски окрузи веќе некое време. Локалните заводи за здравствена заштита добро си ја вршеа работатат во пронаоѓањето на новите случаи, управување со нив и преземање заштитни мерки. „За мерки за карантин треба да се одлучува локално“, рече Вилер за случајот Гитерсло, бидејќи секое локално случување поврзано со вирусот мора да се процени во локалниот контекст.
Но, ќе остане ли Гитерсло локално случување? Или, вирусот ќе се прошири меѓу населението преку границите на округот ? Кај првото германско жариште на болеста во Хајнсберг, исто така област во Северна Рајна Вестфалија, бројот на случаи беше далеку под 1.000 - и сепак следуваше силно проширување.