1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Некогашните ѕвезди на маки

П-К. Бриц/сн14 август 2015

Колку брзо растат бројките на продажба, толку брзо се менува и пазарот на смартфони. Некогашните победници се актуелни губитници.

Фотографија: Victorgrigas/CC-BY-SA 3.0

Свет без смартфони? Речиси незамисливо. Пазарот на смартфони се менува- и изгледа дека големите играчи победуваат. Некои од помалите произведувачи заостануваат и веќе укинуваат работни места.

Производителот на компјутери Леново има намера да отпушти 3000 вработени- зашто на сестринската компанија Моторола не и оди добро со нејзините мартфони. Леново во минатата година од Гугл го купи разнишаниот производител на телефони, за да стане лидер на светскиот пазар- досега неуспешно. Продажбата е намалена за една третина.

Погледајте го видео-прилогот на оваа тема:

Продажбата на смартфони подзабавува

01:15

This browser does not support the video element.

ХТЦ од Тајван- на времето ѕвезда меѓу производителите на смартфони- се справува со слични потешкотии. На Тајванците им се разбегуваат муштериите- меѓу другото и поради конкуренцијата од Кина. Последица: рекордни загуби во вториот квартал од годинава. 2000 работни места треба да бидат укинати.

Со пазарот доминираат два смартфон-гиганти: Самсунг во текот на годините се избори за водечката позиција. Уделот на пазарот на Епл и покрај некои осцилации е релативно стабилен. Сега во значење добиваат и некои кинески производители. Меѓутоа нивните удели во пазарот сѐ уште не се ни близу до оние на Самсунг и Епл.

Иако продажбата на смартфони во светот не расте толку брзо. на Самсунг му оди навистина добро. Корејската компанија ги претстави и своите нови модели, неколку недели пред стартот на Саемот за електроника ИФА во Берлин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми