Смртна казна му се заканува на полицаецот во Атланта
СН/агенции
18 јуни 2020
Последниот случај на смртоносно полициско насилство врз црнец во САД се заострува. Против полицаецот во американскиот град Атланта е покренато обвинение за убиство.
Реклама
Полицаецот од Атланта кој минатата недела пукаше во Афроамериканецот Рејшард Брукс, на паркингот пред еден ресторан за брза храна, е обвинет за кривично дело убиство, соопшти окружниот обвинител на американската сојузна држава Џорџија, Пол Хауард Џуниор.
Смртта на 27-годишниот Брукс, последната жртва на долгиот список Афроамериканци кои ги убиле полицајци, дополнително ги заостри расните тензии во САД во момент кога ширум земјата се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на крајот на мај во градот Минеаполис.
Полицаецот Гарет Ролф, кој го уби Брукс на 12 јуни и наредниот ден доби отказ бидејќи инцидентот го снимија безбедносни камери, е обвинет за убиство сторено во рамки на кривично дело и за напад со смртоносно оружје, изјави обвинителот на округот Фалтон, Паул Хауард, на конференцијата за новинари во Атланта.
Гарет Ролф се соочува со вкупно 11 обвинувања, а ако биде прогласен за виновен, би можел да биде осуден на смртна или доживотна затворска казна. Афроамериканецот Рејшард Брукс заспал во автомобилот во близината на еден ресторан за брза храна во Атланта, што им оневозможило на други возила да помнат, поради што е повикана полиција.
Протести против колонијализмот и расизмот
Антирасистичките протести по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд го подгреаја конфликтот околу колонијализмот. Во Европа и САД се оштетуваат, уништуваат и отстрануваат споменици.
Во изминатите години имаше повеќе конфликти околу статуата на Едвард Колстон во Бристол. Сега демонстрантите го извадија споменикот од неговиот постамент и го фрлија во пристаништето. Колстон работел за Кралско-африканската компанија, која поробувала 5000 луѓе годишно. Подоцна влегол во историјата како филантроп поради неговите донации за училишта и болници.
Активисти го обвинуваат иницијаторот на извидничкото движење Роберт Баден-Пауел за расизам, хомофобија и восхитување со Адолф Хитлер. Неговата статуа се наоѓаше во Браунси, во јужна Англија. По уништувањето на првите споменици во текот на антирасистичките протести, локалната власт во знак на претпазливост самата ја отстрани статуата на Баден-Пауелс.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Matthews
Леополд Втори и белгискиот колонијален режим
Во Белгија има многу статуи на кралот Леополд Втори. Монархот кој владеел со земјата од 1865 до 1909 година, во Конго создал брутален колонијален режим, кој важи за еден од најнасилните во историјата. Повеќе статуи на Леополд Втори беа испрскани со боја. Оваа, во предградието на Антверпен, Екерен, беше транспортирана во музејскиот магацин од страна на властите.
Фотографија: Reuters/ATV
Кристофер Колумбо – помеѓу почит и презир
И во САД се разгоре судир околу спомениците на контроверзни личности. Гневот на демонстрантите е насочен, меѓу другото, против Кристофер Колумбо. Оваа статуа на морепловецот во Бостон, остана без глава. Домородците во северна Америка го отфрлаат оддавањето чест на Колумбо, поради тоа што велат дека неговите експедиции овозможиле колонизација на континентот и геноцид на индигените народи.
Фотографија: Reuters/B. Snyder
Контроверзно сеќавање: Статуа на Колумбо во Чиле
Колумбо за некои е една од најзначајните личности во светската историја, за многу луѓе во Латинска Америка, меѓутоа, неговото име се поврзува со почеток на ера на страдања. Од аспект на индигените народи, шпанскиот колонијализам е темно поглавје во нивната историја. И во Латинска Америка во минатото се уништувани и оштетувани статуи на Колумбо.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Boensch
Џеферсон Дејвис во визир на демонстрантите
Џеферсон Дејвис бил претседател на Конфедеративните држави на Америка и еден од водечките политичари во Граѓанската војна. Статуата на Дејвис сега е испрскана со боја и откорната. Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом во САД, пледира за отстранување на статуите на претставниците на Конфедеративните држави. Овие луѓе застапувале „свирепост и варварство“, изјави демократката Пелоси.
Фотографија: Getty Images/C. Somodevilla
Роберт Ли ја подели Америка
И оваа статуа на Роберт Ли, генерал на конфедеративната армија во американската граѓанска војна, би требало да биде отстранета. Во Ричмонд, во американската сојузна држава Вирџинија, споменикот ќе биде отстранет по налог на гувернерот Ралф Нортам. Многу Афроамериканци во статуите на политичарите и војниците од Конфедеративните држави на Америка гледаат симболи на угнетување и ропство.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Helber
7 фотографии1 | 7
Како што се гледа на снимките кои се проширија на социјалните мрежи, Брукс мирно разговара со полицајците, а кога сакааат да му стават лисици бидејќи утврдиле оти е во алкохолизирана состојба започнал да бега.
На еден од полицајците му го одземал електрошокерот, а еден од останатите полицајци, инаку белец, испукал 3 куршуми и го убил, што потврди и аутопсијата.
Девин Броснан, друг бел полицаец кој бил присутен, ќе соработува со обвинителот, изјави Паул Хауард. Аутопсијата покажа дека Брукс е погоден двапати во грбот и оти починал поради крварење и повреда на внатрешните органи.