1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Смртоносен бомбашки напад во Могадишу, десетици загинати

ЖА
28 декември 2019

Во експлозија на бомба во сомалискиот главен град загинаа преку 70 лица, најмалку 90 се ранети. Иако досега никој не презеде одговорност за нападот, начинот на изведување упатува на исламистичката милиција Ал-Шабаб.

Somalia Mogadischu Autobombe an Checkpoint
Фотографија: Reuters/F. Omar

Владиниот портпарол ја потврди смртта на триесетина лица во самоубиствениот атентат, кој бил извршен со товарно возило полно со експлозив на контролен пункт во една од најпрометните населби на градот. Градоначалникот на Могадишу Омар Мохамед Филиш изјави дека се повредени најмалку 90 луѓе, главно студенти.

Според информации од полицијата, од силината на експлозијата силно се оштетени и два миниавтобуси со ученици. Сведоци зборуваат за уништени каросерии, а меѓу жртвите се наоѓаат и тројца турски државјани, станува збор за инженери кои биле ангажирани на реновирањето на сообраќајната поврзница меѓу Могадишу и населбата Афгоје.

Досега никој не презеде  одговорност за атентатот.  Во изминатите години исламистичката милиција Ал-Шабаб, блиска до терористичката организација Ал-Каида, презеде одговорност за најголем дел од извршените напади во Могадишу. Нејзина цел е соборување на од ОН поддржуваната влада на  Сомалија.  Во 2011 година милицијата беше протерана од Могадишу од страна на трупите на Африканската унија, но таа и натаму контролира големи области во источноафриканската земја. Сомалија од 1991 година е потресувана од конфликти, откако шефовите на клановите го соборија тогашниот диктатор Сиад Баре и влегоа во меѓусебни пресметки. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми