Непознато лице отворило оган во близина на болница во главниот град на Франција. Еден маж е убиен, една жена е тешко ранета. Во моментов нема говор за терористички акт.
Реклама
Злосторството се случи пред клиниката Анри Данан на Црвениот крст во 16-тииот париски арондисман во Париз. Француската болница е специјализирана за лекување на стари лица; во моментов има и центар за вакцинација против коронавирусот..
Според првичните информации од полицијата и противпожарната служба, еден маж е убиен. Уште една жена, пак е потешко повредена. За неа се вели дека е член на персоналот за безбедност во болницата.
Наводниот сторител испукал неколку истрели, се вели натаму во соопштението на полицијата. За него се вели дека побегнал од сцената на пукотницата со моторцикл.
Пресметка на криминални банди?
„Слушнав тресок и видов човек со качулка кое испука еден куршум и видов друг човек на земја“, изјави за француските медиуми менаџерот на ресторан спроти местото на злосторството.
Според овој очевидец напаѓачот ја застрелал жртвата од непосредна близина, а потоа се качил на неговиот моторцикл и се оддалечил од местото на злосторството.
Според досегашните сознанија властите во Париз не се сомневаат во терористичка заднина на злосторството. Се претпоставува дека станува збор за пресметка на криминални банди.
Ноќ што ги промени Париз и светот
Многу детали се се‘ уште непознати. Но, она што е јасно е дека жртви на терористичките напади во Париз, извршени на 13 ноември, се повеќе од 100 луѓе. Слики од една ноќ која најверојатно ќе ги промени Париз и светот.
Фотографија: Reuters/C. Allegri
Први вести
Пријателскиот натпревар меѓу Германија и Франција се‘ уште беше во тек кога агенциите и другите медиуми почнаа да ги пренесуваат првите вести.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Исплашени луѓе
Информациите ги исплашија луѓето во Париз. Од граѓаните беше побарано да не ги напуштаат домовите.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Заложничка драма во „Батаклан“
Во концертната сала „Батаклан“ полицијата нешто пред 1 часот изутрината стави крај на заложничка драма. Таму се одржуваше хеви-метал концерт.
Фотографија: Reuters/C. Hartmann
Претседателот во шок
Францускиот претседател Оланд на народот му се обрати во телевизиски говор. Тој го напушти фудбалскиот стадион во паузата на полувремето - агенцијата СИД јави дека Оланд е „однесен на безбедно“.
Фотографија: Reuters
Навивачи и грачи на стадионот
За тоа време фудбалските навивачи и репрезентативците на Германија и Франција не смееја да го напуштат стадионот. Во внатрешноста на арената се одигруваа драматични сцени.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Alexandre
Повеќемина атентатори
Според извештаите кои стигнуваа во текот на ноќта, станува збор за повеќемина атентатори. Од извори на државното обвинителство се вели дека петмина се убиени. Можно е да има и други соучесници, кои се во бегство.
Фотографија: Getty Images/K. Tribouillard
Стравот на преживеаните
Бројот на загинати е можно да се зголемува. Се зборува за 120 убиени. Преживеаните се во страв.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Bureau
Зајакнати безбедносни мерки
Безбедносните мерки се зајакнати во меѓународни рамки. Така е и овде, пред францускиот конзулат во Њујорк.
Фотографија: Getty Images/S. Platt
Солидарност ширум светот
One World Trade Center во Њујорк е осветлен во боите на француското знаме. „Ние сме поврзани со францускиот народ со сериозна солидарност“, изјави њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо.