Снег во Аргентина по 90 години
10 јули 2007Реклама
По 90 години во Аргентина падна снег. Илјадници Аргентинци излегоа на улиците во Буенос Аирес за да го видат снегот кој последен пат таму паднал во 1918 година. Измерените минус 22 степени се најниски во последниве 40 години. Најмалку 25 лица починаа како последица на смрзнување.