Фотографија на денот: Зимскиот хаос и досетливите Германци
10 февруари 2021Реклама
Овој жител на Лајпциг размислувал практично, па за да стигне онаму каде што треба, се качил на скии. Германија и натаму се бори со снегот и мразот, но во текот на изминатата ноќ ситуацијата беше нешто подобра и немаше колони возила на автопатите со часови. Метеоролозите најавуваат помалку снег во наредните денови, но температурите остануваат ниски - до минус 25 степени Целзиусови.