1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Снежна бура во Германија

8 февруари 2021

Германија е во цврста зимска прегратка. По снегот и ветрот, сега доаѓа и голем студ од истокот.

Winterwetter - Sachsen-Anhalt - Magdeburg
Фотографија: Peter Gercke/dpa-Zentralbild/dpa/picture alliance

Германските метеоролози во текот на ноќта предупредија од нови снежни наноси во централниот дел на земјата. Германската железница најави дека се очекуваат големи проблеми во јавниот сообраќај.

Големата снежна бура вчера предизвика сообраќаен хаос во делови од Германија. Полицијата и пожарникарите имаа огромен број интервенции, мораше да бидат затворени замрзнати автопати, а возовите делумно не можеа да сообраќаат поради замрзнати електрични кабли.

На нашата #ФотографијаНаДенот трамвај со плуг за снег го расчистува снегот од пругите во Магдебург, каде поради големите наноси снег јавниот сообраќај беше привремено запрен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми