1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Снежен плуг со една коњска сила

Марк Штефген/Симе Недевски1 март 2013

За многу жители на местото Елхвајлер во германската покраина Рајнланд-Фалц, тоа е омилена глетка во снежните денови. Снежниот плуг на коњска запрега изгледа архаично но едноставно врши извонредна работа.

Тие во зима се омиленото дуо во цел Елхвајлер. Јирген Хајнц и Валах Михел, тимот на снежниот плуг во селото. Секое утро тие доброволно ги расчистуваат снегот од тротоарите.

„Го правам тоа бидејќи во Елхвајлер има многу луѓе, кои телесно повеќе не се толку фит, и за оние кои се многу благодарни, бидејќи не мораат со лопата да отстрануваат премногу снег. Затоа моја задача е релативно навремено да поминам кога паднал снег и така едноставно да ги растоварам луѓето“,вели Јирген Хајнц.

Снежниот плуг со една коњска сила е омилен кај жителите и е зенит на денот. А за Јирген Хајнц и неговиот коњ минувањето низ градот секој пат е како мал триумфален марш.

„Тоа е многу кул и супер. Тој не растоварува од премногу работа а пред се’ постарите луѓе. Воопшто не е едноставно со лопата да се расчисти многу снег. И затоа Михел и Јирген вршат извонредна работа“, смета Ирис Финк, жителка на Елхвајлер. Нејзината постара соселанка Ани Рупентал, пак вели: „Се радувам кога ќе падне снег и кога ќе помине снежниот плуг“

Валах Михел во вистинска смисла на зборот работи како коњ. На лето влече пресечени стебла низ шумата а веќе две години тој ја има и оваа зимска работа. Јирген Хајнц го направил снежниот плуг според старите нацрти на дедо му’. Нему не му пречи тоа што работата започнува многу рано.

„Станувам наутро, застанувам на прозорот и велам: супер, извонредно паѓа снег. Повторно можеш да го возиш снежниот плуг. Тоа ми причинува големо задоволство“, вели Јирген Хајнц.

А за да знае, дали и утре ќе има задоволство во неговата носталгична работа, тој користи модерен смартфон. Конечно Јирген Хајнц мора да знае какво ќе биде времето. едно е јасно. Тој се радува, кога снежи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми