Македонскиот парламент во раните утрински часови ги изгласа измените во Изборниот законик и ја разреши техничката министерка Рашела Мизрахи. Собранискиот маратон продолжува денеска.
Реклама
Со 62 пратенички гласови „за“, 26 „против“ и без воздржани македонското собрание околу 4 часот утрината ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизахи, за кршење на Уставот и Преспанскиот договор.
Мизрахи беше разрешена по петчасовна парламентарна расправа, по предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Спасовски барањето го достави на 12 февруари, откако Мизрахи неколкупати говореше за медиумите пред таблата на министерството на која стоеше старото име на државата „Република Македонија“, поради што Грција поднесе вербална протестна нота за кршење на Преспанскиот договор.
Пост-референдумски вокс-поп: зошто (не) гласав за промена на името
Нашата фоторепортерка Каролин Вајнкопф мина неколку недели во Македонија, пред и по референдумот. Со својот објектив, но и низ разговор со граѓаните се обиде да ја сондира атмосферата во државата. Еве што забележа
Фотографија: DW/B. Georgievski
Мојот идентитет не зависи од името на државата
Оли има 40 години и е сопственик на кафе бар во Скопје, организира техно забави и е јога инструктор. Оли гласал „За“ и смета дека тоа било негова граѓанска должност. Тоа што многу негови сограѓани го бојкотираа гласањето или едноставно не им било грижа, го прави тажен, но го очекувал. Оли вели дека не му е грижа за името на државата. Неговиот идентитет не зависи од тоа.
Фотографија: DW/Carolin Weinkopf
Не се откажувам од мојот идентитет и достоинство
Филип има 29 години и работи како ИТ инженер во Скопје. Свесно го бојкотирал референдумот. Филип сака неговата земја да биде во ЕУ и НАТО, но одлучил да не гласа како протест против владата.„Името е дел од мојот идентитет и моето достоинство. Не сакам да се откажам од тоа“, вели Филип. На прашањето: зошто тогаш не гласал против, Филип вели дека немало кампања за „против“.
Фотографија: DW/Carolin Weinkopf
„Против“ како протест против Владата
Тони има 37 години, роден е во Скопје и работи како консултант. Тој е меѓу ретките кои гласале „против“. Тони смета дека бојкотот е глупав и неодговорен. Тој чувствувал обврска да гласа, а со неговиот глас „против“ сакал да и порача на владата дека е разочаран од неа. Како на етнички Албанец не му пречи промената на името, но се чувствува како Македонец и силно се идентификува со својата земја.
Фотографија: DW/Carolin Weinkopf
Не се осмелија ни да споменат „Северна Македонија“
Златко има 37 години и по професија е епидемиолог. Тој го бојкотирал референдумот. Зошто? „Затоа што тоа е спротивно на сѐ во што верувам. Гласањето ќе му дадеше значење на прашањето, кое воопшто не е ни за дискусија“. Според него, владата се обидела да ги измами граѓаните. „Немаа храброст ни да напишат Република Северна Македонија на ливчето. Затоа што не се осмелија да го кажат тоа гласно“.
Фотографија: DW/Carolin Weinkopf
Подобра иднина за децата
Со Хиснија (60), неговата сопруга Фериде (55) и нивната ќерка Зумра (31) разговаравме на полињата со тутун во прилепско. Тие гласале „За“ затоа што се надеваат на подобра иднина во ЕУ. Сакале на децата да им обезбедат подобра иднина. А влезот во ЕУ и НАТО според нив значи подобра иднина. Тажни се дека референдумот не успеал. Имале големи надежи во него и сега не знаат што да очекуваат.
Фотографија: DW/Carolin Weinkopf
Какво достоинство ни остана?
Дарјан има 36 години и работи во дигитален маркетинг во Скопје. Гласал „За“ но чувствува внатрешен судир во врска со одлуката. Смета дека многумина бојкотирале, но потајно се надеваат дека парламентот ќе го изгласа договорот. Тоа е начин на протест. „Никој не сака да го смени името... се работи за достоинството! Но Македонија е толку падната ниско во моментов... какво достоинство ни остана?“
Фотографија: DW/Carolin Weinkopf
„Чудна кампања“
Рипа има 27 години, а во Македонија се доселила од Ерменија пред 5 години. Работи како шеф на маркетинг во познат ланец хотели. Во меѓувреме добила и државјанство, а на референдумот гласала „За“. Таа мисли дека кампањата била „чудна“- прашањето било поставено како Македонија утре да ќе влезе во ЕУ, а самата промена на името не била правилно наведена.
Фотографија: DW/Carolin Weinkopf
7 фотографии1 | 7
Опозициската ВМРО ДПМНЕ не одговори на барањето на премиерот Спасовски да номинира нов министер како замена за Мизрахи, тврдејќи дека таа ја извршува својата работа одговорно и оти не го прекршила ниту Уставот ниту Договорот од Преспа.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утрината на својот Фејсбук профил објави фотографија со Мизрахи, наведувајќи дека е отпуштена „затоа што ја сака Македонија“.
Во преодната влада , која беше формирана на 3 јануари за да ги организира и спроведе предвремени парламентарни избори на 12 април, Рашела Мизахи беше еден од двајцата министри од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера, претседателот на парламентот Талат Џафери донесе одлука Собранието да заседава без прекин до утрешното распуштање поради предвремените парламентарни избори, да да ги усвои неколкуте закони важни за европската интеграција на земјата.
Така парламентот синоќа со 75 гласа „за“ го изгласа предлог-законот за измени и дополнување на Изборниот законик, кои меѓу другото предвидуваат општините Дебар и Маврово-Ростуше наместо во шестата да бидат во петтата изборна единица.
Најголем залак ќе биде усвојувањето на новиот закон за јавно обвинителство, кое ЕУ го очекува од актуелниот парламентарен состав, а за кој владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се договорат речиси една година.
Расправата за законот за ЈО беше завршена синоќа, но законот не беше ставен на гласање бидејќи во тој момент во пленарната сала немаше доволно пратеници за да го добие потребното двотретинско мнозинство. Собранискиот маратон продолжува денеска.