Советот за безбедност на ОН повикува на смиреност во Ирак
23 февруари 2006�т да предизвикаат граѓанска војна во земјата.
„Ова се разбира е трагичен инцидент чија цел е предизвикување поделба на ирачкиот народ. Ова е време ирачките граѓани заедно да го осудат тероризмот против сите луѓе и светите места„изјави маериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс
Американскиот амбасадор во Ирак Залмаи Калилзад ги повика сите ирачани да се обединат против тероризмот и насилството:
„ Нападот е злосторство против човештвото. Џамијата треба да биде обновена. САД ќе придонесат за нејзина реконструкција. Ирачките граѓани во овие моменти на тага и бес не треба да дозволат да бидат поделени. Оние кои стојат зад овој чин работат во интерес на терористите, предводени од Абу Мусаб ал Заркави„
Настаните во Самара ги осудија и ирачките власти
„ Ова е ден на голема трагедија за сите ирачани. Злосторството во Самара е насочен против Ирак, врз едно од најсветите места во земјата. Целото население е многу повредено„ рече портпаролот на парламентот Хусеин Ал Сахристани
Инаку агенците утринава јавуваат за уште еден напад врз џамија во градот Басра во кој едно лице загина.