1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност ќе расправа за Косово

24 октомври 2005

Советот за безбедност на ОН денеска треба да расправа за состојбата на Косово, односно извештајот на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Каи Еиде кој препорача почеток на преговори за идниот статус на покраината. Српската страна бара неменливост на границите, Приштина очекува официјален старт на преговорите

Шефот на УНМИК на Косово, Сорен Јесен Петерсен
Шефот на УНМИК на Косово, Сорен Јесен ПетерсенФотографија: AP

Седницата во Њујорк според најавите ќе почне со излагањето на шефот на УНМИК на Косово, Сорен Јесен Петерсен кој изјави дека очекува преговорите да завршат најдоцна за една година. Според него тие ќе започнат во форма на таканаречена шатл дипломатија, која ќе започне да ја спроведува преставникот за преговорите за статусот кој треба да биде именуван во наредните две недели. Петерсен смета дека Приштина и Белград, чии ставови се дијаметрално спротивни треба да водат дијалог со своите граѓани и да ги подотват за новите решенија. Преговорите ќе се водат во согласност со дефинираните принципи, односно нема да има поделба на покраината или нејзино припојување кон други соседни држави.

Во меѓувреме српскиот премиер Воислав Коштуница кој исто така ќе биде присутен на седницата во Њујорк изјави дека ќе го поздрави извештајот на Каи Еиде, кој според него за разлика од другите зборува објективно за проблемите во покраината. Коштуница ќе инсистира на почитување на меѓународните права и неменливост на границите, додавајќи дека прашањето треба да биде решено со рецептот, суштинска автономија во рамки на државната заедница.

Преговорите за статусот на покраината, за кои советот за безбедност се очекува да донесе одлука, според европски дипломати не би смееле да траат повеќе од една година, бидејќи во спротивно би постоело опасност од нови тензии во регионот. Едно од клучните прашања е автономијата на косовските срби, односно степенот на децентрализација и гарантирање на демократските права и бебзедност.

Европската Унија која останува на ставот за неменливост на границите, веќе најави дека би можела да ја превземе командата врз меѓународната полициска мисија, која во моментов е под команда на ОН.

Косовскиот премиер Бајрам Косуми попладне ќе замине во официјална дводневна посета на Албанија. Ова е втор пат Косуми да патува во Албанија откако беше избран за шеф на косовската влада, односно прво откако Сали Бериша го доби премиерскиот мандат во Албанија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми