1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот на Европа го осудува насилството на Косово

30 април 2004

Насилството кое минатиот месец го погоди Косово може да се смета и како етничко чистење на неалбанското населениe, оценија пратениците 45 земји членки на Советот на Европа, вчера во Стразбур дебатираа за ситуацијата во покраината.

Советот на Европа
Советот на Европа

Во резолуцијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, покрај осудата на насилството кое го потресе Косово, се вели дека тоа насилство може да се смета и како етничко чистење на неалбанското население на покраината.

Известувачот, британскиот пратеник, Тони Лојд, нагласи дека “Бранот на етничкото насилство„ кое го зафати Косово, добро покажува дека и покрај бројните напори на меѓународната заедница, ќе треба да се помине уште многу пат пред Косово да стане плуриетничко и демократско општество.

Според Лојд, иако ваквата ситуација се должи пред се на етничкиот национализам, меѓународната заедница сноси свој дел од одговорноста, бидејќи таа дозволи прашањето за Косово да се симне од дневниот ред на светските актуелни прашања, заради другите настани во светот.

Паневропската асамблеа, меѓу другото ги повика косовските политички лидери, преодните административни институции на одговорно однесување во однос на спроведувањето на Планот за апликација “норми за Косово”, исто како и кон децентрализацијата, во што Советот на Европа е активно вклучен.

Ова барање е упатено и до меѓународната администрација на Косово, од која се бара да докаже дека навистина е ангажирана во заштитата на малцинствата. Со предупредување – спроведувањето на планот “норми за Косово”, да не се прави на вештачки начин.

Од српските политичари од покраината се бара нивно повторно и целосно ангажирање во политичкиот процес и враќање во централните и локалните политички институции, од кои се повлекоа.

Во расправата, специјалниот пратеник на Генралниот Секретар на Обединетите Нации за Косово, Хари Холкери, посебно инсистираше да се изведат пред судот одговорните за последните настани, но и за целосната реконструкција на Косово. Според него решението за Косово е интеграцијата, а не сегрегацијата, “Ние сакаме нормите и стандардите на Советот на Европа да бидат почитувани на Косово, односно демократијата и превенеството на правото.„ Што се однесува до финалниот статут на Косово. Работите се совршено јасни. Тоа е утвредно во резолуцијата 1244, одлуката ќе биди донесена на ниво на Советот за безбедност во Обединетите Нации, а ниту во Приштина, ниту во Белград, заврши Холкери.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми