1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Совет за безбедност на малцинствата на Косово

2 јуни 2006

Шефот на УНМИК на Косово Сорен Јесен Петерсен и покраинскиот премиер Агим Чеку најавија формирање на посебен совет за безбедност за малцинствата. Него би го сочинувале припадници на локалната и полицијата на УНМИК, припадници на КФОР и на косовскиот заштитен корпус.

Војници на КФОР во покраината
Војници на КФОР во покраинатаФотографија: AP

Косовскиот премиер Агим Чеку по средбата со Сорен Јесен Петерсен обраложувајќи ја потребата од формирање на советот, нагласи дека кај малцинствата, а посебно кај србите кои не ги користат своите загарантирани права постои чувство на страв и небезбедност

„Ние им ги гарантираме сите права на србите како и на исте останати граѓани, но тие не ги користат и создадено е мислење дека тие не можат да се движат слободна. Затоа советот за безбедност на малцинствата ќе работи на овие прашања. Ќе разговараме со заедниците и ќе ги решаваме нивните проблеми за да се уверат дека на Косово се безбедни„

Ова тело ќе делува во рамките на националниот совет за безбедност кој допрва треба да се формира. Со него ќе раководи премиерот. Инаку Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен нагласи дека секој граѓанин на Косово треба да биде одговорен и да не наседнува на провокации кои може да предизвикаат меѓуетнички инциденти. Петерсен нагласи дека цивилната администрација на УНМИК ќе остане во покраината се додека советот за безбедност на ОН не усвои нова резолуција со која ќе се дефинира статусот на Косово. Тој ја нагласи потребата од соработка на властите во Приштина во функција на решавање на прашањето со исчезнатите

„Очекувам од премиерот и останатите да сторат се` што е можно за да се дојде до информации кои можат да и помогнат на работната група, а пред се на семејствата кои веќе седум години чекаат такво нешто„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми