Солар Импулс - прв соларен авион што го прелета Атлантикот
23 јуни 2016Eксперименталниот авион на соларен погон „Солар импулс 2“ слета утрината во Шпанија, и по речиси три дена лет го заврши патот преку Атлантикот. Авионот од швајцарско производство слета во Севиља по 7.30 часот по локално време. Полета пред 3 дена од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и ова е најдолгиот пат кој го поминало едно летало на соларен погон.
Погледнете го вебвидеото за слетувањето на Солар Импулс во Севиља:
Во обидот да постави рекорд и да го заобиколи светот без капка гориво, авионот на соларен погон го започна своето прво патување во март 2015 година од Абу Даби, а за време на етапниот лет направи паузи во Оман, Мијанмар, Кина и Јапонија. Ова беше првпат некој да се обиде со авион на соларен погон да го прелета Атланскиот океан. Авионот требаше да полета преку Атлантикот во неделата, но летот беше откажан поради лошото време. Соларниот авион на пат околу светот полета од Абу Даби на 9. март 2015. година. Најризичен дел од патувањето беше летот преку Пацификот, кој е поминат во две етапи.