1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солзавец и водени топови против демонстрантите во Истанбул

АТ/ дпа/ ртр/ афп18 мај 2014

По рударската несреќа во Турција состојбата и натаму е тензична. Последните двајца рудари се пронајдени мртви, а потрагата е завршена. Протестите против владата меѓутоа продолжуваат во Истанбул.

Фотографија: Reuters

Во метрополата Истанбул турската полиција употребила водени топови и солзавец врз демонстрантите на синоќешните протести против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Стотиците демонстранти бараа оставка на владата поради катастрофалната несреќа во рудникот во Сома. Критичарите ја обвинуваат владата дека недоволно строго контролирала дали се применуваат стандардите за безбедност.

Четири денови по најголемата рударска несреќа во историјата на Турција владата соопшти дека потрагата по жртвите е завршена. „Повеќе нема исчезнати“, рече министерот за енергија Танер Јилдиз. Вчера беа пронајдени и телата на последните двајца загинати рудари. Во несреќата животот го загубија 301 рудари, а 485 беа спасени. Потрагата по преживеаните била „трка со времето“. На семејствата на жртвите Јилдиз им вети помош. Причините за катастрофата сѐ уште се истражуваат.

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со турскиот претседател Абдула Ѓул изрази сочуство за загинатите рудари. Истовремено тој понуди американска помош. Во каква форма ќе биде помошта за Турција не е наведено во соопштението на Белата куќа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми