1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Солидарност со Египет

Рајнер Золих
10 април 2017

Досега најкрвавиот напад врз две коптски цркви во Египет, предизвика солидарност меѓу муслиманите и христијаните. Претседателот Ал-Сиси не смее лекомислено да го прокоцка ваквиот бран, смета Рајнер Золих.

Ägypten Anschlag auf Christen in Tanta
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/N. El-Mofty

По нападите врз две коптски цркви, Египет доживува впечатлив бран на солидарност. Муслиманските граѓани им изразуваат сочувство на припадниците на христијанското малцинство, на Твитер и на Фејсбук се колнат во единството на земјата и донираат крв за христијанските жртви на теророт. Пораката е утешна исто колку што е јасна: Ние сите сме Египќани! Нема да дозволиме да бидеме разединети од провокации и насилство!

Овој Египет ја заслужува и нашата солидарност. Зашто подобар одговор на теророт Египќаните не можеа да дадат. Калкулацијата на терористите цели токму кон тоа, да направи раздор меѓу муслиманите и христијаните и египетското општество да го дестабилизира одвнатре.

Крвави напади врз цркви во Египет

00:35

This browser does not support the video element.

Затоа солидарноста, која египетските христијани по двата напади ја доживуваат сега од страна на муслиманите, е многу важен сигнал во насока на сите активисти и симпатизери на „Исламската држава“ (ИС), која со одвратна гордост ја презеде одговорноста за двата напад. Тука се позиционираат муслимани кои јасно велат: Теророт против оние со друга религија нема ништо, ама баш ништо заедничко со нашата вера!

Ал-Сиси мора да постапува со претпазливост

Сега на потег е политиката. Претседателот Абделфатах Ал-Сиси прогласи тримесечна вонредна состојба во земјата и најави засилени мерки за безбедност. На египетските христијани итно им е потребна оваа заштита. Ним не им преостанува никаков друг избор, освен грижата за нивната сопствена безбедност да ѝ ја доверат на владата и на најдобар начин да соработуваат со неа- дури и ако со тоа уште повеќе се најдат во визирот на радикалните исламисти, кои во нив гледаат вазали на омразениот режим на Ал-Сиси.

Рајнер Золих, автор на коментарот

Но владата досега не успеваше да ги заштити христијаните и да го запре убивањето и протерувањето на Коптите од полуостровот Синај. Тука Ал-Сиси мора да стори повеќе, истотака и со воени средства. Тој меѓутоа притоа мора да постапува со претпазливост. Уште поостро постапување против критичарите на владата и опозиционерите и посебно натамошни повреди на човековите права би биле фатални. Тие би можеле да го поделат општеството и да ја направат ситуацијата уште поопасна за христијаните.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми