1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солидарност со жртвите на масакрот во „Шарли Ебдо“

БГ/дв8 јануари 2015

Новинарите и персоналот на Дојче веле денеска се солидаризираа со жртвите на вооружениот напад врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“. Инцидентот предизвика бран солидарност ширум светот

Фотографија: DW/M. Müller

Новинарите и персоналот во седиштето на Дојче веле во Бон, денеска им изразија почит на 12. жртви на нападот врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“. Десетици луѓе се собраа пред седиштето на медиумот, држејќи плакати "Je suis Charlie" во знак на поддршка за францускиот магазин и слободата на печатот.

Француската полиција се‘ уште трага по двајцата извршители на нападот во Париз во кој беа убиени 12 лица, меѓу нив 8 новинари, двајца полицајци, еден работник и посетител на весникот.
Главни осомничени се двајцата браќа, Шериф и Саид Куачи. Повеќе лица за кои полицијата се сомнева дека имале врска со нападот се уапсени.

Милиони луѓе ширум Франција денеска со едноминутен молк им оддадоа почит на жртвите од нападот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми