Сомнеж во регуларноста на изборите
10 јануари 2008Реклама
Политичката ситуација во Грузија е напрегната. Претежно млади луѓе, приврзаници на опозицијата, се собрани пред просториите на Централната изборна комисија. На нивните плакати стои - „Миша не измами, ги фалсификуваше изборите, тој е губитник. „ Но, Михаил Саакашвили се чини не ни помислува да ги земе сериозно предвид сомнежите на опозицијата. Единственото што му падна напамет, со оглед на поделеноста во земјата - понуди генерално во неговата влада да има и политичари на опозицијата, но притоа не наведе имиња. Оваа понуда во Тбилиси се сфаќа како признание, особено откако раководителот на изборите изрази сомнеж во коректноста на пребројувањето на гласовите. Шефот на опозиционата партија на иднината, Георги Маисашвили, најавува: “На 13 јануари, со моите луѓе, ќе учествуваме на протестите во Тбилиси. Се приклучувам кон сите барања на опозицијата. Бараме втор круг избори, зашто Саакашвили ги загуби изборите.“
Најавени масовни протести
Опозицијата има намера во недела да мобилизира над 100 илјади луѓе. Саакашвили во Тбилиси добил само 25% од гласовите, но за него не гласале многу луше ниту во другите градови. Опозоцијата зборува дека се регистрирани и гласови на лица кои веќе не се меѓу живите. Се чини, сознанието дека проценката на некои набљудувачи на ОБСЕ, особено на американските, дека изборите минале помалку или повеќе демократски не соодветствува на реалноста, полека излегува на виделина.
Реклама