1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сомнително пријателство на Хиндукуш

Г.Хао / В.Хасрат-Назими / Е. М. Фиданоска10 декември 2013

Претседателите на Авганистан и на Иран во Техеран постигнаа согласност за долгорочен Договор за соработка. Дали тоа уште повеќе ќе ги оптовари односите на Хамид Карзаи со САД?

Фотографија: picture alliance / AP Photo

Договорот за соработка и‘ служи на регионалната безбедност и ја уредува економската и културната соработка на двете земји, објасни портпаролот на авганистанскиот претседател по неговата посета на Техеран. Таму Хамид Карзаи, при средбата со иранскиот претседател Хасан Рохани, се согласи со долгорочен Договор за пријателство. Потпишувањето ќе следува наскоро, се вели во Кабул.

„Двете централноазиски земји имаат многу заеднички теми“, изјави Конрад Шетер, директор во Меѓународнит центар за конверзија во Бон. Двете држави имаат заедничка граница во должина од повеќе од 900 километри. „Тоа во борбата против трговијата со дрога има голема улога“, вели Шетер. „Освен тоа, во Иран живеат околу три милиони работници од Авганистан, на кои Кабул е упатен во иднина.“

Карзаи и Рохани се договорија за Договор за пријателствоФотографија: Getty Images/Afp/Behrouz Mehri

Провокација за САД?

Соработката на двете земји од страна на САД се гледа со недоверба, велат експертите. Авганистанскиот претседател го одложи потпишувањето на Безбедносниот договор со САД до претседателските избори во април. Освен тоа, американскиот министер за одбрана Чак Хејгел при својата ненајавена посета на Кабул во неделата (8.12) попусто го чекаше Карзаи. Авганистанскиот претседател беше во Техеран.

Иако Карзаи сега му дава предност на договорот со Иран, тоа не е причина за возбуда, оценува експертот за Авганистан, Шетер. Станува збор за два различни договори. Договорот за пријателство со Иран е чисто симболичен акт. „Во Безбедносниот договор со САД станува збор за идниот имунитет на американските војници. Тоа е сосема друга работа“, вели Шетер. Документот треба да им гарантира на странските војници имунитет од кривично гонење во Авганистан.

Д-р Конрад ШетерФотографија: DW

Регионална соработка

Многу политичари и научници во Авганистан се залагаат за договор за соработка со соседен Иран. Договорот може да има различни ефекти, зависно од тоа какви намери се кријат зад него, оценува Ахмад Зиа Рафат, политички аналитичар и доцент на Универзитетот Кабул. Од аспект на зајакната регионална соработка тој може да се третира како израз на „нормални односи меѓу двете соседни земји“. „Ваков вид на меѓусоседска соработка е сфатлив за САД.“ Сепак, времето на доаѓање на договорот не е поволно, затоа што американско-авганистанските односи се „исклучително напрегнати“, вели Рафат за Дојче веле.

Договорот со Иран може да се третира и како „порака“ до САД. „Тој може да сигнализира дека на Авганистан не му е неопходна меѓународната заедница и дека земјата наместо тоа се потпира на пријателите од регионот“, вели авганистанскиот политиколог. „Во таков случај е сфатливо што САД се загрижени.“

Германскиот експерт Конрад Шетер оценува дека со приближувањето кон Техеран Карзаи се обидува „за себе да ги врзе регионалните актери“ кои на САД „не им се омилени“: „Ваквата стратегија ги лути Американците, но нема да доведе до ’пукање’ на односот со САД.“

Иран и Авганистан имаат граница во должина од повеќе од 900 километриФотографија: DW

Иран реагира опуштено

На Договорот за пријателство со соседот во Иран се гледа со голема опуштеност. „Односите меѓу Иран и Авганистан во делот на безбедноста не може да бидат замена за американско-авганистанските односи“, вели Иранката која е во егзил во Стокхолм, Шојаи Ростаи, инаку експерт за Авганистан. „Воените сили на НАТО и на САД е еден вид безбедносен фундамент во Авганистан.“ Оттука не игра никаква улога колку тесни или лабави договори се склучуваат меѓу Иран и Авганистан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми