Сонда на пат кон Месечината
7 септември 2013Реклама
НАСА изутринава лансираше беспилотно летало со задача да ја истражи атмосферата на Месечината, што е трето лунарно истражување на американската вселенска агенција во изминатите пет години. Сондата е лансирана рано изутринава по средно европско време од космодромот Валопс во сојузната американската држава Вирџинија.
Истражувачот на лунарната атосфера и прашина (Lunar Atmospfere and Dust Enviroment Explorer- ЛАДЕЕ) треба да собере повеќе податоци за атмосферата и прашината на Месечината.
Станува збор за вселенски брод вреден 280 милиони долари, кој се движи на соларен погон и литиумски батерии, а неговата големина е колку помал автомобил. Неговото патување до орбитата на Месечината ќе трае околу еден месец, а самото истражување сто денови.