1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Штрајкот во мирување, децата од утре во училиште

ЖА | МИА
28 април 2022

Штрајкот во образованието е ставен во мирување, од утре учениците треба да се вратат на настава. Доколку не се постигне договор со Министерството за труд и социјална политика, штрајкот ќе се активира

Erster Schultag in Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го става  штрајкот во мирување, а учениците од утре почнуваат со настава. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решaвање на работните спорови.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави  штрајкот  во мирување додека трае решавањето на спорот.

„Ова е само почитување на законот, доколку не се договориме, повторно ќе го активираме штрајкот. Уверени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме  штрајкот",  изјави Неделков.

Тој се надева дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.

Во понеделникот (25.04), раководството на СОНК и Владата постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, по што одлучуваше членството на Синдикатот, кое не го прифати предлогот. Штрајкот во основното и средното  образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти и усогласување на останатите со минималната плата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми