Ниту сме имале пиштоли, ниту сме се заканувале. Полицајците и нас не легитимираа и не претресоа, и не најдоа никакво оружје кај нас, вели Даут Динарица, сопатник од возилото „пасат“, кое било удрено од Диме Спасов.
Реклама
Се што кажа Диме Спасов во вчерашниот тв - настап е лага, тврди во изјава за ДВ, Даут Динарица, еден од сопатниците во возилото „пасат“ кое било удредно од возило марка „туарег“, што ноќта на 28 октомври го управувал заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
„Одевме кон паркот кога не удри возило и наместо да застане, продолжи да вози како ништо да не се случило. Поради тоа, свртевме и тргнавме по него, за да му ја видиме регистарската табличка и да го пријавиме во полиција. Се јавивме, го пријавивме бројот на табличката и долго време бевме на телефонска линија со полицијата. Кога возачот запре на семафор, излеговме да му кажеме да застане и да се паркира настрана. Но, тој не застана. Тргна и покрај тоа што во тој момент стигна и полициско возило со ротациски светла. Притоа, не можеше ни да вози право по сообраќајната лента, туку цело време шеташе лево - десно, што укажуваше дека најверојатно е пијан. При тоа бегање удри уште едно возило“, раскажува Динарица.
Вели дека тие воопшто не знаеле кој е возачот што го удрил нивното возило, а тоа го дознале дури кога полицијата го легитимирала, откако излегол од „туарегот“. Динарица целосно ги отфрла обвинувањата дека на Спасов му се заканувале со оружје.
„Не сме му се заканувале на возачот со никакви пиштоли. По снимката што вчера ја објавија некои медиуми, беше речено дека лицата кои држат оружје биле оние од „пасатот“. Пиштоли си имаа полицајците. Истите тие полицајци и нас не легитимираа и не претресоа. Кај нас не најдоа никакво оружје. Кој сака може да го провери тоа во полиција, ако е целта да се дознае вистината. Но, од ова што го гледаме и слушаме, изгледа дека целта е да шират лаги, само за да се оправда постапката на Диме Спасов“, вели Динарица.
Сопатничката по трет пат го сменила исказот
Диме Спасов вчера во тв-интервју обвини дека станува збор за„криминално-полициска конструкција и смислена местенка“ која имала за цел да го наруши неговиот углед и одлучил да избега бидејќи имало опасност по неговиот живот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги отфрли таквите обвинувања со став дека „има местенка од самиот Диме Спасов и уште поголема местенка од сите што го советуваат да дава такви изјави“. Министерот посочи дека постојат и видеоснимки од системот „Safecity“ (Безбеден град) според коиможат да се утврдат околностите.
Но, токму од „толкувањето“ на тие снимки, се изненадени во полицијата. Од таму вчера доставиле писмено барање до УБК да им бидат доставени снимките за настанот од системот „безбеден град “, но од Управата не добиле ни позитивен, ни негативен одговор. Затоа се изненадиле кога „премиерно“ ги виделе на тв-медиум, но уште повеќе од нивното селективно и тенденциозно објаснување. Но, тоа не било единственото изненадување.
Вчеравечер, сопатничката на Диме Спасов, Т.К. по трет пат го сменила исказот даден во полиција за настаните во ноќта меѓу 28 и 29 декември. Во првиот исказ даден на местото на настанот на 28.10. изјавила дека „туарегот“ го возел Диме Спасов. Вториот исказ го дала на 29.10., истата вечер кога и Спасов првпат дошол да даде изјава. Тогаш сопатничката го сменила исказот, тврдејќи дека не возел Диме Спасов, туку возачот М.Т.
Нов, трет исказ дала синоќа (3.11), со кој ја повлекла претходно дадената изјава дека возел М.Т., објаснувајќи дека тоа го изјавила бидејќи била под стрес. Синоќа одново изјавила дека возел Диме Спасов.
И возачот М.Т. синоќа изјавил дека во критичната ноќ возел Диме Спасов и ја повлекол претходно дадената изјава дека возел лично тој. Како што образложил, откако добил информации дека заменикот - министер има закани, се појавил таму со цел да спречи Спасов да биде нападнат. Но, не објаснил зошто дошол „да спречи напад“, дури после два часа.
Предвремените парламентарни избори нема да понудат многу нови лица на македонската политичка сцена. Главната битка ќе ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со своите коалиции. Изненадувања се можни во албанскиот политички блок.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Ѓорге Иванов- претседател на државата
Иванов е на средината на својот втор мандат. Некогаш почитуваниот професор на Правниот факултет во политиката често е предмет на остри критики, а и самиот е извор на бројни контроверзи. Ќе остане запаметен по амнестијата за сите политичари против кои се водеа постапки, по што избувнаа масовни протести. Во јуни 2016 година, по силен домашен и меѓународен притисок, Иванов ја повлече аболицијата.
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Sulooca
Никола Груевски - ВМРО-ДПМНЕ
Беше избран за премиер во 2006 година како млад технократ кој најавуваше „Преродба“ на државата. Кормилото на ВМРО-ДПМНЕ го презеде во 2003. Боксер во детството, брокер во младоста, во меѓувреме стана политичар со најдолг премиерски стаж. Во јануари 2016 ја напушти функцијата жестоко притиснат по скандалот со прислушкувањето. Изборите во декември ќе ја одредат неговата, не само, политичка судбина.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Зоран Заев - СДСМ
Скандалот со прислушувањето го издигна Заев во водач на фронтот против власта. Долги години мина во сенка на Бранко Црвенковски во СДСМ, кој го аболираше за „случајот Глобал“, а Заев му се одолжи со времено „греење“ на партиската фотелја. Од 2005 е градоначалник на Струмица, а во мај 2013 беше избран за претседател на СДСМ. Неговата амбиција е градоначалничката функција да ја замени со премиерска.
Фотографија: DW/K. Ozimec
Али Ахмети- ДУИ
Ахмети во 2002 година ја замени воената униформа на ОНА со интегративниот „костум“ во ДУИ. Со исклучок на периодот од 2006 до 2008 година, неговата партија е постојан придружник во сите македонски влади. Ниту скандалот со прислушкувањето не го убеди да ја раскине коалицијата со Груевски. Гласањето за некои клучни закони во Собранието укажува дека Ахмети му останува верен на Груевски и натаму.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Мендух Тачи - ДПА
Иако формално, тој и неговата партија се во опозиција од 2008 година, прислушуваните разговори и начинот на делување на ДПА укажуваат дека Тачи е во постојан дослух со врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Долги години во сенка на Арбен Џафери, по неговата смрт во 2012 целосно ја презеде партијата. Од медиумите и опозициските политичари во земјата ја доби титулата „војвода“ поради наводната блискост со ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографија: MIA
Здравко Савески- Левица
Докторот на политички науки веќе со години е активен во политиката, не само како член на Президиумот на Левица, туку и како синдикалец и активист за човекови и социјални права. Во политичкото „СиВи“ запишано му е и едно апсење и повеќемесечен домашен притвор под обвинение за учество во толпа. Неговата Левица најави самостоен настап на изборите, со отворена можност таквата одлука да се преиспита.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Андреј Жерновски- ЛДП
Иако формално ја напушти лидерската позицијата во Либерал-демократската партија за да им се посвети на општинските задачи, се очекува градоначалникот на скопската општина Центар високо да котира на опозициските листи на парламентарните избори. Со победата во Центар, на изборите кои беа повеќе пати повторувани, доби шанса да стане симбол на движењето против власта.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Африм Гаши- Беса
Гаши е висок функционер и еден од иницијаторите за формирањето на Беса- партија која претендира да го урне „дуополот“ на ДУИ и ДПА кај албанската етничка заедница. Партискиот лидер Билал Касими веќе најави дека целта на партијата е да стане водечка кај Албанците, но и да иницира промена на Уставот за редефинирање на државата. Тој ги отфрла шпекулациите дека Беса се финансира од Турција.
Фотографија: Katerina Blazevska
Љубчо Георгиевски - ВМРО-НП
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена е активен единствено во пресрет на избори. Неговата ВМРО-Народна партија долго соработуваше со опозицијата и беше критична кон власта, но во пресрет на вонредните парламентарни избори одново ја актуелизираше можноста за соработка со некогашните сопартијци од ДПМНЕ. Малкумина ќе бидат изненадени доколку тоа се случи.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Ивон Величковски - Либерална партија
Претседателот на Либералната партија се обидува да игра меѓу „два огна“ позиционирајќи ја својата партија како алтернатива и на власта и на опозицијата. Остар критичар на власта, но и на пазарењата меѓу четирите водечки партии. Бараше опозициски договор за изолација на ВМРО-ДПМНЕ по изборите, но наиде на молк. Прашање е дали самостојниот настап на изборите на ЛП ќе и донесе пратеничко место?
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Зијадин Села - Движење за реформи во ДПА
Специјалистот по интерна медицина го предводи Движењето за реформи во ДПА откако се одвои од матичната Демократска партија на Албанците и расчисти со некогашниот партиски соработник Мендух Тачи. Анкетите не и даваат големи шанси на неговата партија на изборите, но Села и натаму ќе може да управува со Струга како градоначалник.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Љубе Бошкоски- Обединети за Македонија
По излегувањето од затвор, Бошкоски не е многу активен на политичката сцена. Првите месеци ги мина во изолација, а сега најавува учество на неговата Обединети за Македонија на предвремените избори. Прашањето е само... со кого? Засега се најавува соработка со ВМРО-НП на Георгиевски, но никој со сигурност не ја исклучува можноста дека двајцата би можеле да се вратат во прегратките на Груевски.