Состојбата во Јемен е вон контрола
23 јануари 2015
Тие се новите моќници во Сана- бројните барикади на улиците тоа јасно го укажуваат. Шиитските Хути бунтовници ја слават победата.
Но, не оди се според планот. Од средата и претседателот Хади е земен како заложник во нивната борба, но малку подоцна владата која беше избрана токму со помош на Хутите си поднесе оставка: тие одбија да ја сносат одговорноста за хаосот кој владее во земјата. Потоа оставка поднесе и претседателот Хади, но таа треба да биде одобрена од парламентот.
Чекор по чекор, најсиромашната земја во арапскиот свет се движи кон распад. Но, проблемите не се само домашни. Експертите се сомневаат дека Иран ги снабдува шиитските Хути со пари и оружје. Ривалот на Иран, Саудиска Арабија досега го поддржуваше сунитскиот претседател Хади.
Војна за туѓи интереси во која не се води сметка за населението. Протести во Таиз на југот на земјата.
„Ова што се случува е фарса- пуч кој јасно го нарушува Уставот“, вели еден од демонстрантите.
Во актуелниот хаос може да профитира Ал Каеда: нејзините приврзеници во Јемен се сметаат за најопасни во светот.