1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Софија од Гоце Делчев ќе прави услов за ЕУ?

БГ
29 септември 2019

Бугарскиот државен врв утре ќе расправа за билатералните односи со С. Македонија во пресрет на одлуката на Советот на ЕУ за одредување датум за почеток на преговори со земјата. Проблемот е Гоце Делчев.

Mazedonien Bulgarien Zaev und Borisov am Goce Delcev Denkmal in Skopje
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Историјата и нејзиното толкување повторно се испречуваат пред бугарско-македонските односи. Бугарскиот претседател Румен Радев за утре закажа консултации со водечките државни функционери на тема односите со С. Македонија. Бугарските политичари веќе неколку месеци остро реагираат на неуспехот на мешовитата заедничка историска комисија да постигне компромис за историската улога на Гоце Делчев и неговото етничко потекло. Состојбата ескалира и со вечерашната закана на лидерот на владејачкото ВМРО и министер за одбрана, Красимир Каракачанов дека ќе ја напушти владата доколку таа и даде зелено светло на С. Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Во поканата од претседателот Радев се наведува дека на средбата треба да се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, во контекст на резултатите од работата на Заедничката експертска комисија за историски и едукативни прашања.
Официјална Софија веќе неколку месеци се заканува дека ќе го блокира почетокот на преговорите и врши притисок заедничката Комисија побрзо да носи одлуки за историски личности.

Красимир Каракачанов се закани со заминување од Владата доколку и се даде зелено светло на МакедонијаФотографија: BGNES

„Македонците тврди за Делчев“

Во таа насока и бугарскиот член на Комисијата, Кирил Топалов во неколку наврати изминатиов месец ги критикуваше своите македонски колеги за непопустливост. Минатата недела Топалов изјави дека е задоволен што Комисијата постигнала напредок во однос на „улогата на личности како цар Самуил, свети Климент и свети Наум“.
„Но прашањето за Гоце Делчев доведе до стврднување на позициите“, вели Топалов, додавајќи дека за членовите на Комисијата од С. Македонија „Гоце Делчев е апостол на македонизмот“.
Според бугарските медиуми, премиерот Бојко Борисов веќе ја прифатил поканата за состанокот на кој се повикани и претседателката на парламентот Цвета Карајанчева, шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева, координаторите на парламентарните групи, претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања и контрола на европските фондови, на изборната комисија, како и претставникот на Бугарија во Комисијата.

Бугарските членови во Комисијата инсистираат С. Македонија да го „признае“ Гоце Делчев за етнички Бугарин и како таков да биде наведен во историските учебници во земјата.

Пендаровски вели дека побарал од Бојко Борисов да не се врши притисок врз историската КомисијаФотографија: Cabinet of the President of North Macedonia

Пендаровски ги иритира Бугарите

Следниот состанок на мешовитата Комисија е закажан за 14 и 15 октомври, на два дена пред Самитот на ЕУ, а во истовреме со состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на кој ќе треба првично да се потврди согласноста за отворање на пристапни преговори со Скопје.

Бугарската политика неделава нервозно реагираше и на изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во која тој посочи дека е неспорно оти Гоце Делчев „е еден од темелите на македонската државност“ и побара да не се врши притисок врз Комисијата со поставување рокови. Пендаровски рече дека тоа му го порачал и на бугарскиот премиер Борисов. Во интервјуто дадено во вторникот за „Сител“, Пендаровски објаснува дека во „историскиот контекст на 1900-1901 година Гоце Делчев не можел да се пише како Македонец“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми