1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Сој на птичји грип првпат се појави кај луѓе

СН/агенции
3 јуни 2021

Долго пред пандемијата на коронавирусот, научниците ги истражуваат вирусите кои се пренесуваат од животни на луѓе. Птичјиот грип за нив е тема подолго време. Сега уште еден сој од него е веројатно пренесен на луѓе.

Symbolbild Tierseuchen | Geflügel
Фотографија: Bob Edme/AP/dpa/picture alliance

Кина го потврди првиот случај на зараза со редок сој на птичји грип. Во кинеската покраина Џиангсу е потврден првиот случај на зараза со птичји грип Х10Н3 кај човек, но се верува дека овој сој не се пренесува лесно од човек на човек.

Станува збор за41-годишен маж од кинеската провинција Џијангсу, кој бил хоспитализиран на 28 април откако добил висока температура. Официјалните лица не соопштија како човекот се заразил.Еден месец подоцна му бил дијагностициран птичји грип од сојот Х10Н3, соопшти кинеската здравствена комисија.

Сојот не е многу сериозен

Никој од неговите контакти не е заразен, а мажот за време на престојот во болница бил во стабилна состојба и ќе биден пуштен дома. Комисијата соопшти и дека Х10Н3 е слабо патоген, односно помалку сериозен сој на вирусот кој се наоѓа кај птиците.

Повеќе:

-Кина: Нов случај на смртоносен птичји грип

-Прв случај на грипот Х7Н9 во Пекинг

-Птичјиот грип ја одзеде третата жртва во Турција

Кинеските здравствени власти наведуваат дека ризикот од ширење во големи размери е многу низок. „Во светот не се откриени случаи на зараза со Х10Н3. Ова е пример на повремено пренесување на вирус од живина на човек и ризикот од големо ширење е минимален“, соопшти кинеската Националната здравствена комисија.

СЗО не знае како бил изложен пациентот на сојот само потврдува дека вирусот не бил најден кај остатокот од локалното население.

Инаку, во Кина се присутни неколку соеви на птичји грип и повремено е случува некој кој е во контакт со живина да се зарази. Откако од сојот Х7Н9 починаа околу 300 луѓе во текот на 2016 и 2017 година, нема значителен број на човечки инфекции со птичји грип.

Досега во светот не е забележан ниту еден друг случај на преминување на сојот Х10Н3 на човек, велат од комисијата, а пренесува весникот Гардијан.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми