1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп со нови крајности

Михаел Книге
24 јануари 2019

Владиниот „шатдаун“ е опасно понижување кое е тешко да се разбере особено за луѓе надвор од САД. Но, како и во многу други случаи Доналд Трамп само третира еден проблем на нему својствен начин, смета Михаел Книге.

Shutdown in den USA
Фотографија: picture-alliance/AA/Y. Ozturk

Команданот на Крајбрежната служба на САД на Твитер пиша дека „неприфатливо" е што неговата организација „мора да се потпира на донации од храна за да истера ден за ден." Крајбрежната служба чија задача е да го штити американското крајбрежје е единствената воена служба која потпаѓа под одделот за државна безбедност и е директно погодена од шатдаунот. Службата продолжува со своите елементарни задачи, но не е во можност да ги плати повеќе од 40-те илјади вработени.

Првиот човек на Службата за безбедност на храна и лекови кој е задолжен и за безбедност на храната и одобрување на нови лекови, парцијалниот владин шатдаун го опиша како „најголемата оперативна криза" во историјата на службата. Заради недостигот од финансиски средства, службата првично ги прекина инспекциите, па неодамна повика некои од вработените за да повторно се отпочнат инспекции на храна со висок ризик. Инспекторите кои се останати дома, како и оние кои се вратени на терен за да снабдувањето со прехрамбени производи во САД се одвива колку што е можно побезбедно, работат без надомест.

Повеќе:

-Трамп ја нервира Пелоси

-Трамп се заканува со „вонредна состојба“ и го откажа Давос

-Трамп ја турка Америка во ѕид

Службата за безбедност во транспортот која е задолжена и за безбедноста на аеродромите, минатиот викенд соопшти дека "многумина вработени јавуваат дека не се во состојба да ги извршуваат работните задачи заради финансиски проблеми." Службата целосно беше погодена од шатдаунот, но 50 илјади вработени во одделот за безбедност на аеродромите кои се сметаат „неопходни" се вратени на работа, без надомест. Тие се меѓу најниско платените работници во администрацијата, па заради тоа едноставно немаат доволно средства на располагање за да работат без плата и почнуваат да бараат нова работа на други места.

„Шатдаунот“се претвора во ризик за националната безбедност

Овие три примери покажуваат дека најдолгата блокада на администрацијата во историјата на САД сега веќе станува закана по националната безбедност. Тоа не е критика за десетици илјади владини работници кои продолжуваат да доаѓаат на работа без најмал знак кога би можеле да очекуваат повторно да бидат платени. Напротив, нивното чувство за лојалност и посветеност да направат се што е во нивна моќ за да нивните сограѓани бидат безбедни и државата да продолжи да функционира, мора да бидат истакнати и пофалени. Но, очигледно е дека работата со минимален број вработени и без буџет во подолг времнски период го зголемува ризикот од грешки во клучни владини задачи.

Михаел Книге, автор на коментарот

„Шатдаунот“ стана срам на меѓународната сцена. Исто како и „епидемијата” на оружано насилство во САД, така и шатдаунот предизвикува негативна фасцинација. Како најмоќната земја на светот може да си дозволи такво нешто заради една кавга околу границата? Зошто САД им наштетуваат на околу 800 илјади административци кои се директно погодени, како и на милиони индиректно засегнати, па и на својата економија и безбедност?

Трамп не е единствениот виновник

Очигледниот одговор е Доналд Трамп – и не би бил погрешен. Уште пред „шатдаун“ се пофали дека е горд и да ја затвори владата ако е тоа единствениот начин да ги принуди демократите да го финансираат неговото ветување од кампањата дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико. Тој исто така јасно стави на знаење за време на оваа афера дека речиси воопшто не му е гајле за ситуацијата во која се наоѓаа засегнатите вработени во јавната администрација.

Но, многу е важно да се разбере поширокиот контекст во кој ваквиот потег може да биде значаен за републиканските законодавци кои го поддржуваат, а со тоа и го овозможуваат. Републиканците веќе долго време ги држи чуството дека сојузната влада, чини премногу, неефикасна е и премногу наметлива. Во неговиот прв инаугуративен говор, иконата од претседател, конзервативниот Роналд Реган рече „во сегашнава криза, владата не е решението на проблемот, туку владата е пробмот."

Со оглед на долгогодишното непријателство на републиканската партија кон владата, речиси и не е изненадување тоа што Трамп го има истово чуство кон новите екстреми. Неговиот шатдаун е најдолг досега во историјата на САД и причината за тоа е една од најголемите бесмислици со која и се нанесе огромна штета на земјата.

Дупка без дно

Но, не е Трамп единствениот кој го турка „шатдаунот“. Антивладините ставови на претседателот се поддржани од доаѓањето на новиот шеф на кабинет, Мик Милвани. На неговата претходна функција, поранешниот пратеник даде се од себе да го урне Бирото за заштита на потрошувачите. И на неговата нова работа, Милвани, страсвен поборник за големината на сојузната влада, е еден од клучните поддржувачи на ставот за Трамп да не прифаќа компромис во однос на шатдаун. Други големи поддржувачи се групата независни пратениците во Конгресот.

Наспроти ова, и спорот на Трамп со претставничката на демократите, Ненси Пелози кој добива се поголем личен белег, кој кулминираше со одложување на традиционалниот говор на претседателот за состојбата на нацијата пред двата дома на Конгресот, излезот од оваа криза без преседан се чини се понеизвесен. Но, тоа не значи дека сме го допреле дното во односот меѓу Трамп и демократите. Со овој преседан, се чини ова е дупка без дно.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми