Наука
Вселенски светски рекорд
15 февруари 2017Реклама
Ракетата однесе 714 килограми тежок сателит за набљудување на Земјата од вселената, како и 103 други помали сателити со вкупна тежина од 664 килограми. Најмалиот од овие т.н. нано-сателити тежи само 1,1 килограми. Од нано-сателитите, 96 им припаѓаат на САД, додека другите се на земји како Холандија, Швајцарија и Израел.
Индија сега постави нов светски рекорд за ракета-носач со најголем број сателити. Досега рекордот го држеше Русија, која во 2014 година во вселената одеднаш однесе 39 сателити.