1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Со идеите за поделба на Косово се потпалува ново буре барут на Балканот"

16 август 2007

Ова го предупредуваат дел од денешните германски весници. Поделбата на Косово како можно решение за статусот е повторно дел од коментарите.

ПриштинаФотографија: picture-alliance/ dpa

Весникот “Тагесцајтунг” пишува какви последици во регионот би можела да предизвика поделба на Косово.

“Доколку светот и понатаму го одолговлекува решението за конечниот статус на Косово, кое пак би овозможило економски развој, тогаш на регионот му се заканува востание - ова се зборови на еден Албанец од Бујановац, место на југот на Србија. Американскиот претседател Буш на Албанците им вети независност на Косово до крајот на годинава. Доколку до тоа не дојде повторно би можело да се активираат Албанците на југот на Србија и во Македонија,” коментира Тагесцајтунг и пренесува предупредување од некои албански активисти кое гласи “Ако меѓународната заедница продолжи да зборува за поделба на Косово по етнички принцип, тогаш може да си ги спакуваат куферите. Тоа би ја отворило можноста на Балканот повторно да се цртаат етнички граници со несогледливи последици за Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и други држави”, пишува денешен “Тагесцајтунг”.

Во весникот “Ди Велт” вака се опишува можноста за поделба на Косово.

“Ако страните во спорот за судбината на Косово се спротивставени во се останато, тогаш барем по ова прашање се единствени. Поделба на Косово по етнички граници би била неисполнување на принципите кои ги заговара меѓународната заедница. Со тоа во целост би се спровела идејата на Слободан Милошевиќ, иницијаторот на етничкото чистење, тврдат во Приштина. Не може да се направи поделба која би ги задоволила двете страни. Српските енклави се така распоредени на Косово што би требало да се изврши преселба на населението за да се реализира етничкиот принцип на поделба”, пишува во Ди Велт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми