1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со колкава моќ располага сега Трамп?

СН/ агенции
21 јануари 2017

Денеска е првиот работен ден на новиот американски претседател. Но Доналд Трамп својата прва извршна наредба ја потпиша уште вчера. Колкави се воопшто неговите овластувања?


Washington Amtseinführung Trump
Фотографија: Picture-Alliance/AP Photo/E. Vucci

Новиот претседател на САД ја мина првата ноќ во Белата куќа и својот прв работен ден треба да го започне со утринска молитва во катедралата на Вашингтон, што е последен дел од транзицискиот ритуал на новиот претседател пред тој да се зафати со работа.

По присуството во Националната катедрала каде традиционално се одржува богослужба за новите американски претседатели, Доналд Трамп треба да ја посети Централната разузнувачка агенција (ЦИА) и да има средби со раководниот и останатиот персонал.

Трамп ги направи првите чекори на своето ново работно место уште вчера сигнализирајќи дека има намера брзо да делува за да направи исчекор од администрацијата на Обама. Пред да замине на инаугурациските балови, тој потпиша извршна наредба со која ја ограничува примената на реформскиот закон на Обама за здравството, популарно наречен „Обамакер“. Тој исто така го подготви патот членовите на неговиот безбедносен тим да стапат на должност.

Колкави ќе бидат овластувањата на Доналд Трамп како американски претседател, погледнете во следнава галерија:

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми