1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со косовски документи во Србија

3 јули 2011

По 12 години прекин на комуникацијата, Белград и Приштина ги постигнаа првите договори. Во Брисел се се постигнати решенија за матичните книги, слободата на движење а се очекуваат и конечни договори за други прашања.

Фотографија: AP/Montage DW

Сите граѓани кои живеат на територијата на Косово ќе можат да патуваат преку границата односно административната лијина кон Србија користејќи ги своите лични карти и возачки дозволи. На административната линија од српската полиција ќе добијат два документи- еден во кој се потврдува дека личната карта е само во служба на идентификација и оти не постои правен однос со документот издаден во Приштина и и друг во кој се вели дека возачката дозвола се користи само со цел управување на возилото и оти ни на каков било начин не го прејудицира статусот на Косово.

„На тој начин ќе се овозможи Србите од Косово и Метохија , од кои преку 90 насто имаат земено т.н косовски документи , можат слободно да се движат по целата територија на покраината и да влегуваат во остатокот на Србија. Српската држава ќе продолжи да ја извршува својата функција а граѓаните кои сакаат да поседуваат документи на Република Србија ќе можат да и натаму да го прават тоа“, изјави Борислав Стефановиќ , шеф на преговарачкиот тим на Белград по вчерашната петта рунда разговори со претставниците на Приштина.

Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав СтефановиќФотографија: DW

На целата територија на Република Србија ќе можат да се движат и возилата со статусно неутралните таблички „КС“ додека оние кои имаат таблици „РКС“ (Република Косово) со атрибути на државност на Косово, ќе мораат да користат привремени таблички.

Договор заради полесен живот на населението на Косово

Белград на ЕУЛЕКС ќе му ги отстапи и копиите од матичните книги со неопходната заштита на податоци а ќе биде во можност да ги добие неоходните копии од Приштина истотака преку ЕУЛЕКС.

„Мислам дека ова прашање е успешно решено бидејќи одбегнавме отстапување на оригиналните матични книги, што првобитно беше цврсто барање на Приштина. Оригиналните книги се доказ на суверенитетот и ние тоа успешно го одбегнавме.“, изјави Стефановиќ.

Шефицата на косовскиот преговарачки тим Едита ТахириФотографија: DW

Тој смета дека со постигнатите договори е направен лекор напред кон растоварување на српското население на Косово и оти ни на каков било начин не е призната независноста на Косово.

Србија не признава, Косово не се одрекува

Поздравувајќи ги првите договори меѓу двете делегации Роберт Купер, претставник на ЕУ во дијалогот меѓу Белград и Приштина оцени дека усогласените решенија се добри за двете страни , како и оти не бараат ниту од една страна да се откаже од своите позиции:

„ Ова не се договори кои влијаат на прашањето на статусот, ниту прејудицираат позиции на која било од страните по прашањето на статусот на Косово. Србија не признава, Косво не се одрекува а она што го прават е всушност засновано на резолуцијата на ОН- се приближуваат кон ЕУ, ја подобруваат соработката и животот на обичните граѓани“.

Купер додаде дека се очекува и брз одговор за прашањата на катастарот , електричната енергија и телекомуникациите, како и започнување на разговори за религиското и култуно наследство, регионалните организации и воздушниот простор.

Автор:Марина Максимовиќ/ Симе Недевски

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми