1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со нанодијаманти во борба против ракот

31 март 2011

Дијамантите се повеќе отколку само предмети од вредност или парче накит, сметаат научниците од Чикаго. Тие работат со нанодијамантите, со цел да го подобрат дејството на хемотерапијата во лекувањето на ракот.

Нанодијамантите ги „транспортираат" лековите директно до туморотФотографија: DW-TV

Во универзитетот Нордвест во Чикаго, доктор Дин Хо работи со дијаманти, но во неговата лабораторија ништо не светка. Неговите дијаманти хемиски се идентични со скапите парчиња накит, меѓутоа се во форма на прав.

„Еден нанодијамант се состои од јаглерод со големина од два до осум нанометри, но тој има особено интересни особини. Неговата површина може сосема различните лекови прво цврсто да ги поврзе, а потоа полека повторно да ги ослободи. Организмот добро го поднесува и едноставен е за обработка. Малку киселина, млин и ултразвук се доволни да се добијат идентични партикули. И комбинацијата на овие својства ги прави нанодијамантите интересни за медицината.“

Успешен тест за подобрување на хемотерапија врз глувци

Нанодијамантите го подобруваат ефектот на хемотерапија кај заболените од канцерФотографија: picture-alliance/ dpa

Конкретно Дин Хо испитуваше дали нанодијамантите ја подобруваат хемотерапијата, бидејќи нејзините ефекти со тек на времето се намалуваат. Туморите стануваат резистентни. Причина: канцерогените клетки започнуваат да произведуваат т.н. молекуларни пумпи, кои брзо ги отстрануваат лековите. Во моментов се истражуваат нови материи, кои ќе бидат наманети за целосно спречување на работата на тие пумпи. Овие материи сосема малку го продолжуваат ефектот на хемотерапијата, бидејќи има многу различни видови молекуларни пумои. Канцерогените клетки секогаш наоѓаат начини да се одбранат. Нанодијамантите се ситни, но се´ уште преголеми за пумпите. Тие не можат лекот, кој е сврзан со нанодијамантот, едноставно да го ослободат одвнатре. За да да се дознае дали спакуваните лекови навистина ја подобруваат терапијата, доктор Дин Хо ја применил материјата доксорубицин врз глувци со агресивен рак на дојка, еднаш како слободен молекул, а потоа сврзана со нанодијамант.

„Обично клетките на ракот веднаш го испумпуваат лекот, тој речиси нема шанса да делува. Во нашиот модел за рак на дојката туморот расте и понатаму и животните умираат. Со нанодијамантите, лекот останува многу подолго во канцерогените клетки, и глувците преживуваат наместо една, повеќе недели. Тоа е очигледно подобрување.“

Десетпати поголема концентрација на лекови во клетките на канцерот

Без оштетување на околните здрави клетки на ткивотоФотографија: HIT

Благодарение на нанодијамантот, во канцерогените клетки доаѓа до десетпати повисока концентрација на лекот, а тој останува подолго време активен во туморот. За изненадување нема повеќе несакани последици, туку напротив: наномедицината се покажа како поподнослива за организмот. Причина за тоа е фактот што нанодијамантите тешко се пробиваат до здравите клетки низ крвните садови. Наспроти тоа, вените во туморот се многу порозни и лекот лесно стигнува до својата цел. Во моментов се води жестока дебата околу тоа колку е безбедна употребата на наноматеријалите. Затоа доктор Дин Хо напорно работи на тоа да утврди дали нанодијамантите имаат уште некое друго дејство во организмот, отколку едноставно транспортирање на лекот до заразеното ткиво.

„Ако ги погледнете црниот дроб, бубрезите или слезенката, ќе заклучите дека дури и при високи дози на лекот, не може да се најде трага од воспаление. Нанодијамантите изгледаат добро подносливи. Во секој случај, ефектите можат да варираат од еден вид организам, до друг вид. Поради тоа сакаме наредниот пат да ги истражуваме зајаците. Меѓутоа, првата студија многу ветува“, вели доктор Хо.

Неограничени можности во лекувањето

Нанодијамантите го подобруваат дејството на сите лекови

За тоа ќе бидат потребни уште неколку години. Дури откако нанодијамантите по повеќетообиди врз животни ќе се покажат како сигурни и ефикасни, Дин Хо сака да се обиде на чекор кон клинички студии на луѓето. Тие не мора да останат ограничени на туморите. Според мислењето на Хо, нанодијамантите можат да го подобрат дејството на сите лекови.

„Веќе сврзавме повеќе лекови на нанодијамантите, како на пример други лекови против ракот, белковини и ДНК. Тие можат да најдат примена во борбата против канцерот, против воспаленијата и лечењето на раните, или, пак, во регенеративната медицина. Постојат многу можности“, ветува доктор Хо.

Автор: Фолкарт Вилдермут / Светлана Брик

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми