250210 Arbeitskräfte Austausch
6 април 2010Принципот е едноставен: кој има премалку нарачки, може да ги понуди своите соработници кај претпријатијата кои имаат повеќе работа. Интересната заедница на пластичари опфаќа 27 мали и средни претптпријатија со вкупно околу 600 вработени и годишен приход од околу 100 милиони евра.
Работнички пул како решение
Како функционира во практика, објаснува Волфганг Фестер, раководител на фирмата „Хенце“ од Тројсдорф кај Бон. „Ние се запознавме и се поврзавме меѓусебе, па повеќе се одвива неформално - креваш телефон и велиш ’имам премалку или премногу работа, можеш ли да ми помогнеш да преземеш или да ми позајмиш работници‘. Исто така постапуваме и во работничкиот пул“.
Пулот, пак, го формираа седум од претпријатијата од Интересната заедница на пластичарите. Тој ги презема работниците што некое од претпријатијата мора да ги отпушти од работа. „Втората варијанта е работникот да остане вработен во претпријатието, но со посрество на пулот може да биде ангажиран и кај други претпријатија“, вели Ханјц Палкоска, раководител на пулот, кој на работниците им овозможува и натамошно доквалификување.
Здружени се посилни
На сличен начин, здружено, се врши и обука на ученици за стопанството. „Во професијава сум 20 години, но секој ден учам нешто ново, запознав нови колеги, од кои усвоив по нешто и се надевам дека понатаму учениците ќе преземат по нешто од мене. Ова ми отвори сосема нови перспективи за животот и работата“, вели работникот Дарио Радиќ.
А Томас Мајер, раководител на фирмата „Кубатец“ укажува на уште еден момент: „Меѓу нас во Интересната заедница си правиме размена-кој има премногу работа им префрлува дел од ангажманот на недоволно оптоварените претпријатија. Така и ја протуркавме годината“.
Оваа ќе биде подобра за пластичарите, кои и без тоа, здружени се посилни!
Автор: Моника Ломилер/Зоран Јордановски
Редактор: Александра Трајковска