1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со рап против дискриминација

Рајна Бројер
7 ноември 2016

Кефает во Германија дошoл на четиригодишна возраст, Селами е роден тука. Двајцата браќа биле протерани на Косово, во земја која не ја познавале. Каква е нивната судбина по враќањето во Германија?

Deutschland Das Rap-Duo K.A.G.E.
Фотографија: K.A.G.E.

Едниот микрофон не функционира, набрзина се преспојуваат каблите, се мести реглерот. Тест 1-2-3. Вечерта зависи од техниката. Меѓутоа, двајцата браќа Роми не се напнати. На главите имаат раперски капи, гласот е во ред, што би можело да тргне наопаку.

„Преживувам без да размислувам. Дај ми факирска плоча и ќе легнам на неа“, вака почнува песната од браќата К.А.Г.Е. Тие рапуваат против дискриминација и омраза, а за поголема толеранција. На ваков начин го преработуваат својот живот, секој стих е цитат од него. „Да се биде отфрлен, директно да се доживее расизмот. Преку нашите песни сакаме да ги споделиме своите впечатоци, исто така - да ги охрабриме другите малцинства кои ги имаат истите проблеми. Музиката е нашата алатка,“ вели Селами.

Среде ништо

Во малата концертна сала на Културниот центар Култ41 во Бон доаѓаат првите гости. Просторијата е мала, без прозорци, на едниот крај има мал но добро опремен бар. Пред концертот ќе се прикажува филмот "Trapped by Law" од Сами Мустафа, документарец за двајцата браќа. Режисерот ги придружувал три години, тоа е документација за нивната одисеја низ Балкан.

Двајцата браќа се израснати во Есен и таму оделе во училиште. Сѐ до 2010. година, кога во итна постапка во рок од два дена биле протерани на Косово, во земјата на својот татко, во нивната наводна татковина, која никогаш не ја запознале. Селами (27 години) никогаш не бил таму, неговиот брат Кефает (32 години) таму живеел само до својата четврта година. Никакви спомени, никаква емоционална поврзаност кон земјата и кон луѓето.

Документарец за судбината на двајцата браќаФотографија: DW/R. Breuer

Заборавено малцинство

Во периодот од јануари 2012. година до септември 2016. година околу 16.000косовски државјани од ромска националност доставиле барање за азил во Германија. Во наведениот период, според податоците на Сојузното министерство за внатрешни работи, само петмина од нив добиле признат статус на бегалец согласно со Женевската конвенција за бегалци. Во 2015. година Косово беше ставено на листата на сигурни земји на потекло. Оттогаш бројот на протерувања и присилни враќањаповеќекратно е зголемен.

„Во Германија длабоко политички се потиснува ситуацијата на Ромите во сите држави на Балкан, каде постои нивна екстремна дискриминација. Тие немаат никаков пристап кон пазарот на труд и здравствениот систем. Станува збор за повеќе отколку чиста дискриминација“, вели Бернд Месовиќ од Про Азил. Постапката за азил е променета и редуцирана, така што дискриминацијата не е призната како причина за стекнување азил. Невладината организација од тие причини инсистира на право на престој настрана од правото на азил. Но, сегашната влада молчи на оваа тема.

Одисеја на БалканФотографија: DW/R. Breuer

Да не се попушти

Тие спиеле на улица, кај непознати луѓе, кај пријатели. Двајцата браќа на Балкан поминале четири години, девет месеци и шест дена, растргнати меѓу надежта и безнадежноста. Со својата музика станале познати на Косово и патувале на турнеи низ земјата. „Не знаев кога ќе му дојде крај на тоа, затоа го уживав секој ден“, вели Селами во филмот. Во тој период браќата направиле повеќе обиди за легално враќање во Есен, во Германија, кај своето семејство, но попусто.

Еден ден донесле одлука. „Бевме наивни, сакавме легално да се вратиме назад. Сите ни велеа, одете едноставно преку граница“, се сеќава Кефает. И токму тоа го направиле. Без никому да кажат, во 2014. година пешки тргнале кон Унгарија, преку Австрија конечно стигнале до Германија. Од своето доаѓање тука, двајцата музичари се ангажираат за младите луѓе од проблематични семејства. Тие танцуваат, рапуваат и разговараат со нив. Оваа енергија наидува на позитивно ехо кај публиката во Културниот центар. Концертот беше успешен, дури и техниката не откажа. Но, без оглед на нивниот ангажман, едно прашање останува отворено - нивниот статус во Германија. Браќата повторно живеат во Есен. Селами има статус на лице чиј престој се толерира и може во секој момент да биде протеран. Кефает има добиено дозвола за престој од една година.   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми