1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Со реставрација ќе се враќа духот на скопскиот Аквадукт

ДТЗ
2 септември 2021

„Имам впечаток дека повеќето знаат каде се наоѓа „Сити мол“, но не знаат каде е овој древен водовод. Некој можеби ќе рече: „тоа и го спасило“, вели Ирена Стефоска.

Nordmazedonien | Kulturministerin Irena Stefoska
Фотографија: Ministry of Culture of North Macedonia

Скопскиот Аквадукт кој со години беше оставен на забот на времето, конечно ќе ја добие својата жанса за обнова. Почна првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот Аквадукт, откако неодамна Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење.

„Скопскиот Аквадукт е еден од последните на Балканот кој е сочуван во целина. За жал, не можеме да се пофалиме дека тоа е по наша заслуга. Затоа го нареков ремек дело на старите градители кое што им пркосело на вековите , на природните непогоди, на војните и на луѓето. Сега имаме шанса тоа да го исправиме. Тоа и го правиме“, вели министерката за култура, Ирена Стефоска. 

Аквадуктот во близина на Скопје е еден од најстарите во Европа.Фотографија: Ministry of Culture of North Macedonia

Највисок степен на заштита

Скопскиот Аквадукт го доби највисокиот акт на заштита, што ќе овозможи трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла. Заштита на архитектурата и на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа конечно започнува и неговата физичка заштита.

„Заштитата е скапа работа, но не е ништо во однос на вредноста на ова културно добро“, вели Стефоска.

Министерката вели дека имаме обврска Аквадуктот да го промовираме пред светот, но пред тоа, неговата вредност треба да се промовира и во земјата. „Имам впечаток дека повеќето знаат каде се наоѓа „Сити мол“ , но не знаат каде е овој древен водовод и што тој претставува. Некој можеби ќе рече: „тоа и го спасило “. Но, убедена сум дека од денеска Аквадуктот го добива заслуженото внимание и грижа. Зашто скопскиот Аквадукт навистина е поглед од кој застанува здивот“, вели Стефоска.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми