1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Спасените украински деца

Кристијан Стефанеску
16 април 2022

Блонди, романско здружение кое им помага на тешко болни, сиромашни деца да се лекуваат во странство, од војната во Украина спаси илјада деца и ги пренесе во Турција.

Türkei Transport ukrainischer Waisenkinder von der rumänischen Organisation "Blondie"
Украински сираци и сиромашни деца се префрлени во Турција со романска помошФотографија: Cristian Ștefănescu/DW

Се веселат, врескаат и плескаат со рацете. Повеќето од нив никогаш не летале. Многумина никогаш не ги напуштиле своите градови или села. И сега немаше да одат никаде, ако не ги избркаше несреќната војна.

До пред некој ден, авионите за нив сè уште беа чудовишта кои испуштаа грди звуци, активираа аларми, ги тераа луѓето во подруми и фрлаа бомби. Сега некој ги скротил овие чудовишта. Тие се тука, на аеродромот, и на пат да полетаат. Ќе летаат некаде, каде што им било ветено дека ќе биде како на одмор.

И затоа се весели, врескаат и плескаат со раце. Возбудени се и среќни, се восхитуваат на сѐ што се случува околу нив и со нетрпение го очекуваат секој момент што доаѓа. Седат во авион кој полетува од град на чие име можеби наскоро веќе нема ни да се сеќаваат.

Бегство од ужасите на војната

Аеродромот во Баја Маре, голем град во северна Романија, оддалечен само 40 километри воздушна линија од украинската граница: Приближно 160-те деца, кои на овој ден се во авион во насока кон турскиот град Анталија, се од згрижувачки семејства, главно од регионот Дњепропетровск. Тие се спасени од ужасите на војната во Украина и прво се префрлени во Романија.

Од Украина ги изнесе романското здружение Блонди, кое обично им помага на тешко болни деца од сиромашни семејства или сирачиња. Здружението за нив организира скапи лекувања, од кои често зависи животот, а кои претежно се реализираат странство. Но, од почетокот на руската инвазија на Украина, Блонди им помага на украинските деца да избегаат од војната.

Аердоромот во Баја Маре, Роиманија, (11.04.2022): Авион пренесе украински деца во ТурцијаФотографија: Cristian Ștefănescu/DW

Ракета со натпис: „За децата“

За помалку од еден месец, Блонди и неговите партнерски организации спасија околу илјада деца од Украина. Повеќето од нив во импровизирани засолништа чекаа на отворање на коридорите за хуманитарна евакуација, а потоа со денови патуваа со автобуси и возови за да ја преминат границата кај местото Халмеу, во северна Романија. Тоа се деца од сите возрасти - од мали деца, кои одвај седат, до тинејџери, кои можеби веќе имаат идеја каква би можела да им биде иднината - доколку сегашната војна не наруши сè.

За овие деца работите можеа да испаднат поинаку, исто како и за децата на аеродромот Баја Маре. На пат кон Романија, бегајќи од војната, некои од овие деца застанаа нажелезничката станица Краматорск, која беше цел на руски ракетен напад на 8 април 2022 година. Таму загинаа неколку деца. Таму, но и во Мариупол и во многу други градови, големи и мали, каде бомбите на Москва неселективно паѓаа врз станбени области, врз домовите на луѓето и врз цивилните засолништа со ознака „Деца“. Руски војник на една од ракетите што го погодија Краматорск цинично напишал: „За децата“.

Децата жртви на руската агресија

01:43

This browser does not support the video element.

Да се зачува украинскиот идентитет

Некои од децата што сега ги спаси Блонди никогаш не ги знаеле или загубиле своите родители. Други се таканаречени „социјални сираци“, чии семејства не можат да се грижат за нив. Затоа биле згрижени од украинската држава, а родителите ги гледале само за време на викендите и за време на одморите. Некои од децата имаат различни форми на попреченост, а досега немале можност да се интегрираат во нормалните училишта во Украина. Има и злоупотребени деца и оние кои правосудниот систем и системот за заштита на деца и млади ги извадил од штетното семејно опкружување. Тие патуваат со своите негуватели, од кои дел и самите се мајки и со себе ги зеле и своите деца.

Во групата што леташе за Анталија се придружија и некои мајки на кои им била потребна помош за да ги одведат своите деца на безбедно. Таму има дури и цело семејство, затоа што властите во Киев одлучија да им дозволат излез од земјата на татковците кои во семејството имаат многу деца. Тешко е да се каже колку долго групата ќе остане заедно во турски егзил. Едно е сигурно: сите деца ќе останат заедно - за да не го заборават својот јазик и да го сочуваат својот идентитет.

Аеродоромот во Баја Маре, Романија (11.04.2022): Романското здружение Блонди им помага на украинските деца кои бегаат од војнатаФотографија: Cristian Ștefănescu/DW

Интервенирање онаму каде што другите се откажале

Според УНЕСКО, во Украина има околу 100.000 деца кои живеат во дом. Тие не само што немаат семејни врски, туку во време на војна се уште повеќе изложени на секаков вид злоупотреби, трговија со луѓе и други форми на експлоатација. Покрај тоа, многу домови немаат струја или вода и немаат храна.

Здружението Блонди е навикнато да интервенира таму каде што повеќето се откажале од надежта. Во првите сто дена од 2022 година, здружението, основано од поранешната банкарка и новинарка Аделина Тончеан, организираше повеќе од 30 летови за деца - некои од децата беа воени бегалци од Украина, други се од Романија и им требаше посебен медицински третман.

Полска: Делче нормалност за децата бегалци од Украина

01:58

This browser does not support the video element.

Од Одеса во Дортмунд

Во понеделникот (04.11.2022)  во акциите на Блонди беа вклучени два авиона истовремено. Едниот во Турција пренесе украински сираци, а другиот транспортираше украинско дете во клиника во Германија: петмесечната Арина од Одеса, родена тешко болна, живее само со вештачко дишење. Нејзината мајка е Украинка, а татко ѝ е Русин. Веднаш по почетокот на војната, мајката можела да емигрира во Германија со три од четирите деца на семејството. Таткото останал со Арина, која била во болница во Одеса.

Аеродром Букурешт (11.04.2022): Специјален авион ја транспортира малата Арина во ДортмундФотографија: Cristian Ștefănescu/DW

Аделина Тончеан за малата Арина дознала случајно - преку украински бегалец во Букурешт. Кога на почетокот на април, поради руските напади се зголеми воената закана за градот на Црното Море, Аделина организираше комплициран транспорт за малото девојче: прво по копно до главниот град на Молдавија, Кишињев, оттаму со специјален авион до Букурешт, а потоа до клиниката во Дортмунд. Арина сега во Дортмунд чека на операција. Нејзината мајка Дарија и нејзините постари браќа и сестри се веќе во Дортмунд.

Наскоро треба да дојде и таткото Дмитро - заедно со трите мачки од семејството. „По ѓаволите со Путин, во ѓаволите со војната“, вели налутено тој, додека во Букурешт чека на лет за Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми