1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД го исклучи Клемент!

З.Ј.1 август 2008

Организацијата на СПД од Северна Рајна Вестфалија го исклучи Волфганг Клемент, поранешен покраински премиер и сојузен министер за стопанство во владата на канцеларот Шредер. Претежно позитивни реакции кај членството.

Волфганг КлементФотографија: AP

Според образложението на надлежната партиска комисија, решението за исклучување е донесено поради „кршење на внатрепартиската солидарност“. Клемент непосредно пред покраинските избори во Хесен индиректно повика на гласање против кандидатката на социјалдемократите Андреа Ипсиланти.

Исклучувањето на Клемент ја става партијата на тест поради можниот раскол. Генералниот секретар Хубертус Хајл повика на разумност. Според него, исклучувањето не може да се изаедначи со пресметка со Агендата 2010. „Не, оти задача на партиската Комисија не е да ги оценува политичките убедувања, туку однесувањето“.

Јоханес Карс, претставник на десното крило во партијата, рече: „Она што го кажа Волфганг Клемент во време на предизборната кампања во Хесен беше грешка, такво нешто не се кажува среде предизборна борба. Инаку, секој греши, а сила на една народна партија е да има такви карактери“.

Изјавите на Клемент - шут кон сопствениот гол

Во првата реакција по решението за исклучување на Клемент, многубројни истакнати членови на партијата го поздравија тој радикален чекор. Ралф Штегнер е претседател на партиската организација на СПД во покраината Шлезвиг Холштајн: „За жалење е што мораше да дојде до таму. Но, станува збор за тоа дека во клучната фаза на една тешка предизборна борба во Хесен некој започна да шутира на сопствениот гол“.

Херман Шеер, член на централното раководство на СПД, е многу покатегоричен: „Таму беше свесно калкулирано да се поткопа предизборната кампања на СПД“. Андреа Ипсиланти, директно погодената од изјавите на Клемент, остана воздржана: „Тоа е работа на СПД од Северна Рајна Вестфалија и тие така решија“.

Клемент ќе се жали

На страната на 68-годишниот Клемент, пак, се стави Уте Фогт, претседател на СПД за покраината Баден-Виртемберг: „На СПД и’ е потребна одредена широчина. Ние сме голема народна партија и потребни ни се и луѓе како Волфганг Клемент“.

Самиот Клемент преку својот адвокат и некогашен колега од сојузната влада Ото Шили (во тоа време министер за внатрешни работи) најави дека ќе поднесе жалба на решението на покраинската комисија, па конечно решение ќе мора да донесе надлежната сојузна партиска комисија.



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми