1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД-изборна програма

27 јуни 2005

Во случај на изборна победа, германските социајлдемократи имаат намера да го зголемат данокот за три насто за оние што заработуваат преку 250 илјади евра годишно. Парите би се користеле за инвестиции во образованието, науката и технологиите на иднината, најави вчера во Берлин претседателот на партијата Франц Минтеферинг. Наспроти тоа, тој исклучи можност од зголемување на данокот на додадена вредност. Во и

Поголеми даноци за богатите
Поголеми даноци за богатитеФотографија: AP

нтервју за АРД овие намери ги потврди и канцеларот Герхард Шредер:

Изборната програма на СПД треба да биде владина програма, барем така рече претседателот на партијата Франц Минтеферинг по седницата на претседателството. Таканаречениот изборен манифест има 25 страници, но останува под клуч се додека не бидат расчистени сите детали. Сепак, за некои цели веќе е постигната согласност: на пример за повисоко оданочување на оние што зарабатуваат повеќе. Оној што заработува повеќе од 250 илјади евра годишно треба да плаќа данок повисок за 3 проценти:

„Парите што ќе се добијат на тој начин во иднина треба да се насочат кон образованието, науката и технологиите, односно за развојот на образованието во целост„.

Сегашниот данок од 42 насто треба да остане , а зголемувањето од три проценти треба да важи само за приходите над 250 илјади. Зголемување на данокот на додадена вредност за што интензивно се разговара во партиите на опозивцијата, за СПД не доаѓа предвид. Место тоа социјал демократите во програмата ќе го вклучат настојувањето за најниски плати и тоа во подрачјата во кои нема тарифни договори.За други прашања се уште има тешкотии. На пример, не е најден рецепт како да се мотивираат граѓаните на помалку штедење, односно на повеќе трошење:

„Ние сакаме растеж, економски успех и врз таа основа работа, социјална сигурност и социјална правда„.

На истите теми, во интервју за германскиот ТВ канал АРД, канцеларот Герхард Шредер изјави:

„Мислам дека луѓето во брак што заработуваат повеќе од 500 илјади евра, значи според поранешната вредност, повеќе од милион марки, имаат обврска да придонесат за идната ефикасност на нашата земја„.

Шредер потврди дека нема отстапување од неговата реформска политика:

„Нема никакви промени. Јас сум среќен што Минтеферинг и претседателството на партијата јасно ставија на знаење дека станува збор за консеквентност„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми