1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД и Зелените повторно „во љубов“?

21 мај 2007

По изборите во Бремен СПД се определи за преговори за коалиција со Зелените

Собранието на Бремен
Собранието на БременФотографија: Scheller

Во Бремен, германски град со статус на сојузна покраина, по 12 години голема коалиција меѓу социјалдемократите и демохристијаните, на повидок е сојуз на СПД со Зелените. Една недела по изборите локалното раководство на социјалдемократите едногласно се искажа за коалициони преговори со Зелените, образложувајќи го тоа со „многу поголема согласност“ со нив во социјалната политика.

Зелените го поздравија таквото решение и укажаа на сигнално дејство на овој потег и на сојузно ниво. Во врска со тоа генералниот секретар на СПД Хубертус Хајл реагира воздржано, оставајќи отворена врата: „Нови избори ќе има во 2009-та и со оглед на тоа дека големата коалиција не е брак од љубов, туку животна заедница за одредено време, секогаш е добро да се има нови опции. Ќе видиме во 2009-та, има различни можности“.

Критика искажаа демохристијаните. „Бремен добро напредуваше во последните 10 години со големата коалиција. Поради тоа е неразбирлива желбата повторно да се прави црвено-зелен сојуз, каков што веќе нема во ниедна сојузна покраина, оти беа поразени на изборите“ – рече Кристијан Вулф, покраински премиер на Долна Саксонија.

Неговиот колега од Хесен Раоланд Кох рече: „До крајот на 90-тите години можевме да собереме многу искуства со црвено-зелените влади и сите беа лоши. Поради тоа тие загубија и на сојузно ниво, како и во сите покраини. Прилично тврдоглаво е решението на СПД повторно да започне со таа погрешна политика токму тогаш, кога на Германија и’ оди подобро и можевме да се опоравиме од штетите нанесени од црвено-зелените коалиции“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми