1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е виновен за хистеријата околу францускиот предлог?

ДТЗ
23 јуни 2022

Луѓето што се нарекуваат експерти ја креираа најголемата хистерија во земјата. Тоа го прават во интерес на трети страни и земји, рече премиерот Димитар Ковачевски

Nordmazedonien | Prespa Forum in Ohrid
Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на прес-конференција во Брисел рече дека е изненаден што поради францускиот предлог се создала голема хистерија во Северна Македонија.   

„Изненаден сум што луѓето што се нарекуваат експерти и тврдат дека знаат како се одвиваат процесите, се тие што ја креираа најголемата хистерија во земјата. Произлезе дека тие не ни знаат како се изработуваат предлозите и како се споделуваат меѓу земјите-членки и земјите-кандидати. Произлегува дека тоа го прават во интерес на трети страни и земји“, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во Брисел.

Европската Унија денеска немаше позитивни вести за земјите од Западен Балкан. Фотографија: John Thys/AP/picture alliance

Тројцата изразија жалење и незадоволство што Европската Унија денеска немаше позитивни вести за земјите од Западен Балкан. Ковачевски претходно соопшти дека францускиот предлог, во форма како што е сега, е неприфатлив за земјата. Тој остави простор, доколку има прифатливи корекции, да продолжат разговорите за време на француското претседателство. 

Ковачевски изрази надеж дека во иднина ќе има поголемо ниво на разбирање и дека процесот на проширување ќе биде заснован на заслуги и дека билатералните прашања нема да бидат пречка. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми