1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорно решение на Ватикан

29 октомври 2007

Во Ватикан вчера скоро 500 религиозни лица убиени за време на шпанската граѓанска војна беа прогласени за маченици.

Критики од Мадрид врз одлуката на ВатиканФотографија: AP

Повеќето од нив убиени на почетокот на војната во 1936 година од припадниците на демократски избраната шпанска влада:

Во шпанската граѓанска војна едни против други војуваа избраната лево-ориентирана влада и десно-ориентираните сили на генерал Франсиско Франко. Победа извојуваа силите на Франко кој владееше скоро 40 години со поддршка на католичката црква. Многумина левичари црквата ја третираа како симбол за богатство, притисок и неправда. Црквата проценува дека меѓу 1931 и 1939 година, биле убиени скоро 7 илјади верници.

Меѓу жртвите што вчера беа прогасени за маченици, станува збор за двајца бискупи, 24 свештеници и многумина членови на религиозни ордени. По мисата пред верниците се појави и папата Бенедикт 16, соопштувајќи дека овој чин покажува:

„Мачеништвото е реална можност за целиот христијански свет„.

Во Шпанија се појавија голем број критики поради изборот на времето за ова прогласување. Во текот на оваа недела парламентот има намера да усвои закон што го предлага социјалистичката влада со кој се предвидува симболично оддавање почит за жртвите од граѓанската војна и се осудува диктатурата на Франко. Тоа би било прва официјална осуда на неговиот режим. Критичарите велат дека Ватикан дејствува од политички мотиви со што ја погодува и актуелната шпанската влада на Хозе Запатеро.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми