1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорови и недоразбирања,важните теми НАТО ги остави настрана

14 октомври 2004

Коментира Бернд Ригерт

Рамсфелд повторно во расчекор со дел од своите европски колеги
Рамсфелд повторно во расчекор со дел од своите европски колегиФотографија: AP

По година и пол по инвазијата врз Ирак од страна на НАТО силите САД и Велика Британија,спорот меѓу приврзениците и противниците на војната ги засенува речиси сите одлуки на Алијансата.Најновиот конфликт е обидот на Американците двете одделни воени мисии во Авганистан да ги стават под заедничка команда.На една страна “за”повторно се најдоа истите-припадниците на коалицијата на согласните,значи Велика Британија,Полска,Романија,Италија.Државите кои беа против војната,пред се Германија и Франција,се стриктно против овој предлог.

Притоа, повеќе не игра улога дали постои воена логика од НАТО предводените ИСАФ со околу 9 илјади војници да се спојат со од САД предводената антитерористичка операција "Ендјуринг Фридам”со околу 18 илјади војници.Се работи за принцип.Многу европски држави имено се сомневаат дека САД ,кои не сакаат да ги редуцираат своите трупи во Авганистан,сакаат да осигураат команда над целата земја.Американците напротив се сомневаат дека Европејците немаат доволно смелост да водат антитерористичка борба.Проблемот е одложен.Тоа значи повторно ставање на дневен ред во февраури,по претседателските избори во САД.

На многумина министри за одбрана им олесна кога ратоборниот,остар на јазикот американски колега Доналд Рамсфелд ја напушти салата,зашто знаат,тоа беше негов последен НАТО самит,сеедно како и да завршат изборите во Америка. 72 годишниот Рамсфелд нема да биде во новиот кабинет.Тој самиот пак не остави двојба дека НАТО го смета за делотворен инструмент на надворешната и воената политика.За него, како и порано, тој е орудие со кое САД можат да се служат за да ги постигнат своите цели.

Американците,кои под оружје во Ирак имаат 160 илјади свои луѓе, имаат малку разбирање околу повеќемесечните натегања во НАТО за испраќање мал број од 300 инструктори во Ирак.Рамсфелд му префрли на германскиот министер за одбрана Петер Штрук дека сака со своите изјави за германските војници во Ирак да се вмеша во американската изборна борба.Американските весници известуваа дека Германија може да го смени својот, досега одбивачки став, ако победи демократот Џон Кери.Со тоа Штрук ја доби сметката за непромислена изјава во едно интервју.

За тоа време НАТО силите за брза реакција,кои треба да бидат употребливи било каде во светот, бавно добиваат физиономија,министрите за одбрана искажуваат тешкотии конкретно во врска со војниците,со опремата и со парите.Во Авганистан своите ветувања за регионална команда за обнова НАТО само половично ги исполни.Итно потребен е нов систем на подготвеност на трупите,ветувањата се тука,но неисполнети.

Ирачкиот конфликт,кој сеуште ги оптоварува трансатланските односи,спречи и обмислување на идната стратегија,која е од животна важност за Алијансата.На пример за ракетниот одбранбен систем "Мисл Дефенс",кој го градат Американците,во НАТО сеуште не е разговарано.Притоа крајно време е и за одлука каде е тука местото на Европа под заштитниот чадор.

Тука се и прашањаа со новите атомски сили Пакистан и Индија,како и заштитата од ракетите од среден дострел од Иран.Некои експерти веруваат дека Иран за три години ќе биде во стостојба да испали атомски ракети врз јужните НАТО држави. Досега Алијансата нема одговор на ова,ниту политички,ниту воено.Тука,а не во прашањето дали НАТО треба да стационира 300 експерти во или надвор од Ирак,лежат вистинските предизвици за Алијансата.

Коментар на Бернд Ригерт

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми