1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорот за името-тема на Груевски со Бајден и Клинтон

17 февруари 2011

САД со став дека Македонија и Грција сами треба да го решат прашањето за името, изјави македонскиот премиер Никола Груевски по средбите во Вашингтон со американскиот потпретседател Џо Бајден и државниот секретар Клинтон.

Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

„Ние ќе останеме силно фокусирани на решавањето на ова прашање поврзано со нашето членство во НАТО и ЕУ“, рече Груевски.

Средбата со Бајден во Белата куќа и со Хилари Клинтон во Стејт департментот, како што оцени, се доказ за силното пријателство меѓу САД и Македонија.

На средбите, покрај за името, најмногу се разговарало за текот на реформите во Македонија. Од американска страна биле позитивно оценети реформите што ги спроведува македонската влада и борбата против корупцијата и криминалот.

Џо БајденФотографија: AP

„Го истакнав она што е направено во Република Македонија, прогресот што е направен во делот на економијата, образованието, неодамнешните чекори во судството и фокусот што сега го имаме во делот на јавната администрација. На средбите кажав повеќе детали за тоа што се прави во врска со реформите, дека станува збор за реформски ориентирана влада која е насочена кон прогрес и кон постојана модернизација и реформи со кои и натаму продолжуваме“, рече македонскиот премиер.

САД го ценат ангажманот на Македонија

Истакнато е дека САД ја сметаат Македонија за рамноправен сојузник и високо го ценат учеството на македонските мировници во Авганистан, а претходно и во Ирак.

Хилари КлинтонФотографија: AP

Во функција на подготовка на средбите со Бајден и Клинтон, премиерот Никола Груевски вчера се сретна со Филип Гордон, помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Груевски имаше средба и со Стивен Кнап, претседател на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, еден од најугледните универзитети, при што разговараа за можностите за размена на студенти, како и за стипендирање на македонски и американски студенти. Стана збор и за модалитетите за континуран развој и обезбедување  повисок квалитет на високото образование, како и превземање искуства кои може да се применуваат во Македонија.

За време на дводневниот престој во Вашингтон македонскиот премиер ќе има и повеќе средби со сенатори и конгресмени.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми