Откако Вашингтон нареди затворање на кинескиот конзулат во Хјустон со обвинување за шпионажа Пекинг возврати со реципрочна мерка: конзулатот на САД во кинескиот град Ченгду мора да биде затворен.
Реклама
Кина денеска им нареди на Соединетите Американски Држави да го затворат нивниот конзулат во Ченгду, на западот од Кина. Потегот следеше како одговор на одлуката на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го затвори кинескиот конзулат во Хјустон, откако Вашингтон ги обвини кинеските агенти дека се обидуваат да украдат медицински и други истражувања во Тексас.
„Мерката која ја презеде Кина е легитимен и неопходен одговор на неопрадавниот чин на САД. Моменталните односи меѓу Кина и САД не се онакви како што Кина би сакала да бидат. Соединетите Американски Држави се одговорни за тоа“, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.
Министерството уште еднаш ги повика САД веднаш да ја повлечат својата одлука и да создадат услови билатералните односи да се „вратат на вистинскиот пат“.
„Центар за шпионажа"
Уште во средата, портпарол на кинеското министерство зборуваше за „политичка провокација“ по наредбата на Вашингтон да биде затворен кинескиот конзулат во Хјустон во рок од 72 часа, и се закани со одмазда доколку одлуката не биде повлечена.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео пак ја бранеше одлуката за затворање на конзулатот и обвини за шпионажа. Кинескиот конзулат во градот во сојузната држава Тексас беше „центар за шпионажа и кражба на интелектуална сопственост“, изјави Помпео за време на говорот во библиотеката „Ричард Никсон“ во Јорба Линда, во сојузната држава Калифорнија.
САД во Кина имаат амбасада во Пекинг и конзулати во пет стратешки важни града - Шангај, Гуанжу, Ченгду, Шенјанг и во Вухан, а имаат конзулат и во Хонг Конг.
Американската администрација директно ја обвини Кина за пандемијата со коронавирусот и ги обвини кинеските компании како Хуавеј за сајбер шпионажа и кршење на човековите права во Кина, додека Хуавеи и Пекинг ги негираат обвинувањата.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.