1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорот со Иран продолжува

18 јануари 2006

Техеран до трите земји посредници Германија, Франција и Велика Британија во вторникот упати молба за обнова на преговорите за анадминување на спорот околу атомската програма, без притоа да приложи и конкретна понуда. Европските земји ја одбија понудата на Иран.

Воздушна снимка на атомската постројка Натан
Воздушна снимка на атомската постројка Натан

Владите на западните земји ја одбија понудата на Иран, за надминување на атомскиот спор да се обноват разговорите со Европската унија. Портпаротлот на американското министерство за надворешни работи Шон Меккормак на водството во Техеран му префрли за дипломатско замаглување на ситуацијата. Велика Британија понудата ја оцени како празна. Русија пак одбива санкции против Иран, но бара од владата пред натамошните разговори да се придржува до меѓународните обврски. Санкции против Иран не се најдобриот пат, за да се надмине грижита на меѓународната заедница во однос на атомската програма на Иран, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, истовремено тој ги нагласи и напорите на Европејците. Не само позициите на Русија и Кина, туку и на сите членови на Советот за безбедност во многу точки се идентични. Главната задача би се состоела во тоа, да се придржува до принципот за неширење на атомско оружје. Санкции уште повеќе би ја затегнале ситуацијата, смета Лавров. На оваа тема во понеделникот својот став го кажа и рускиот претседател Владимир Путин

„Русија, Европската Унија и САД имаат една заедничка позиција. Ние на Техеран на пример му предложивме, во Русија да формира општествено претпријатие за збогатување на ураниум. Но сигналите кои ги примивме беа различни“ нагласи Путин

Во седиштето на Меѓународните атомски власти во Виена од ирански кругови се вели, дека Иран ја упатил молбата до европската тројка за обнова на преговорите. Испреќач на писмото бил заменикот шеф на врховниот национален совет за безбедност на Иран. Во писмото немало конкретна понуда.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми