1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортот- превенција од рак

24 ноември 2011

Во Минхен се одржа симпозиум на тема „Спорт и рак 2011 – Значењето на превенцијата и прогнозата.“ Според научниците спортот може дури да спречи заболување од рак. Практикувањето спорт е корисно за луѓето кои имале тумор.

Bildtitel: Krebspatienten am Turngerät Quelle: Klinikum rechts der Isar, TU München Bildunterschrift: Stärkung des Immunsystems durch Sport Bild geliefert von Gudrun Heise
Хемотерпаија и спорт-вистинска комбинацијаФотографија: Klinikum rechts der Isar

Телесно истренираните луѓе помалку се изложени на опасноста да заболат од рак од оние пасивните. Лекарите во САД тоа го докажале со обемни истражувања, посебно кога станува збор за ракот на дојката, дебелото црево или панкреасот. Притоа е сеедно да ли некој има прекумерна тежина или не. Одлучувачки е фитнесот, вели Мартин Хале, лекар за спортска медицина на Техничкиот универзитете во Минхен: „Важно е да се сфати, дека активирањето на мускулатурата на телото е многу важна. Таа влијае на метаболизмот, на воспалителните реакции и други фактори, како што се на пример хормоните за растење. Тие влијаат, барем така се верува, на заболувања од рак,” вели Хале.

Конкретен пример е ракот на дебелото црево. Оној кој редовно се движи го намалува ризикот од ова заболување за 25 насто. Половина час дневно брзо одење или 45 минути возење велосипед се доволни. Главна цел е неколку пати во неделата доборо да се испотите. Доколку, пак, секојдневно трчате по половина час, наместо брзо да одите, тогаш ризикот да заболите од рак на дебелото црево се намалува дури за 40 насто. Меѓутоа, дури и некој да заболи од рак, сепак треба да остане во движење и да биде фит. Тоа го направила и Хелга Рид. Пред две и пол години кај неа е откриен тумор на дојката: „На почетокот на хемотерапијата почнав и со спорт. Така, претпладне одев на хемотерапија, а попладне на спорт.”

Пациентите практикуваат гимнастикаФотографија: Klinikum rechts der Isar

Најважна е вистинската комбинација

Хелга Рид се одлучила за вистинската комбинација. Лекарот за спортска медицина Мартин Хале вели дека на почетокот бил скептичен кога станува збор за спортување на заболени лица: „На почетокот мислите: пациентот прима хемотерапија и се прашувате дали е добро уште повеќе да се оптоварува? Но, се´ почесто сме сведоци дека телесниот тренинг многу им помага на пациентите, дури и кога минимално се применува.“

Хале објаснува дека пациентите тогаш имаат чувство дека можат сами да придонесат за своето оздравување, а не само пасивно да ја примаат хемотерапијата. Спортските активности ја зголемуваат севкупната форма и го прават пациентот поотпорен. Освен тоа, има докажани медицински предности, Хале: „Регенерацијата на крвната слика се забрзува. Пропратните појави до кои често доаѓа кај хемотерапијата, како што се болките на слузокожата или диарејата се појавуваат многу ретко, односно пациентите многу лесно ги поднесуваат. Тоа се фактори кои придонесуваат за подобар квалитет на животот.“

Спортот како лек - ова е релативно ново кај заболувањата од рак

Терапијата со спорт ќе биде дел од процесот на оздравување како што е хемотерапијатаФотографија: Klinikum rechts der Isar

Додуша, веќе 20 години постојат т.н. спортски групи за заболени од рак, на кои бесплатно може да учествува секој пациент, но тоа не е доволно, вели Мартин Хале: „Потребен е индивидуален тренинг за секој пациент, што нема да се одржува само еднаш неделно, туку на почетокот дури три пати неделно, со пропратни инструкции oд медицинско лице. Освен тоа, потребни ни‘ се нови концепти за да можеме овој, во споредба со хемотерапијата, поекономичен модел нa тренинг и физичка активност да гo вклучиме во третманот, односно лекувањето нa пациентитe.“

Автор: Хелмут Нордвиг / Бисера Огњановска-Митров

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми