1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

*

4 јуни 2007

Уапсени се 4 лица кои се обвинети дека планирале да го кренат во воздух системот за снабдување и складирање на гориво на аеродромот

Аеродромот Џон Ф. КенедиФотографија: AP

Групата која се состоела од 4 лица , го планирала нападот на ародромот ЏФК со месеци наназад. Но тие во ниту еден момент немале ни знаење ни можност ниту финансиски сретства да го изведат нападот . Властите кои долго време знаеле за групата и нејзините планови реагираа сега затоа што стравуваа дека еден од членовите на групата настојувал да оствари контакт со можен финансиер на терористичкито потфат .

“ Покренато е обвинение пред сојузниот суд на источниот регион на Њујорк во Бруклин во врска со планирањето на еден од најужасните напади кои човек може да си ги претстави”- соопшти во саботата јавната обвинитрелка Розалин Маускопф

Групата очигледно не планирала да нападне авиони туку складишртата за гориво на аеродромот. Притоа требала да биде нападната и цевководот преку кој аеродромот се знабдува со гориво. Тој минува низ неколку квартови на Њујорк

4- осомничени терористи го фотографирале и набљудувале аеродромот . Со помош на еден дооушник властите биле во можност да ги слушаат нивните меѓусебни разговори . Притоа тие го означувале аеродромот Џон Ф. Кенери за извонредно важна цел како од симбиличен така и од економски карактер . Оваа група не одржувала контакти со други екстремистички групи сметаат американските власти Едно од лицата било порано вработено на аеродромот . Тоа било уапсено во Бруклин Њујорк. Станува збор за Американец роден во Гајана . Обвинителката Маускопф сообјасни:

“Во овој случај станува збор за поврзаност меѓу САД значи Њујорк , Бруклин , Квинс па се до Гајана и Тринидад и Тобаго”

Две од лицата имено беа уапсени во Тринидад . САД побараа нивно израчување. Четвртиот осомничен сеуште се наоѓа во бегство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми