1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спрејот од СП во Бразил ќе биде забранет во Германија?

Александар Методијев/дв/дпа/сид28 септември 2014

За три недели треба за првпат во Бундеслигата да се користи спрејот за обележување на местото за слободен удар и линијата на живиот ѕид. Тој се користеше и на Светското фудбалско првенство. Но, спрејот не е безопасен.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Воведувањето на овој спреј би можело да биде одложено. Според „ТИФ Рајнланд“, голобалниот провајдер на технички, безбедносни проверки и услуги за сертифицирање со седиште во Келн, веројатно овој спреј нема да смее да се користи во Германија, поради можна опасност по здравјето.

Судиската комисија на Германскиот фудбалски сојуз веќе даде зелено светло за употреба на овој спреј. Планот беше од средината на отомври спрејот да се воведе во Бундеслигата, а подоцна да се применува и на натпреварите од Германскиот куп.

Експертите од „ТИФ Рајланд“ го анализирале спрејот „9-15 Ферплеј лимит“, кој се произведува во Аргентина, и дошле до заклучок дека тој не смее да се користи не само во Германија, туку и во земјите од ЕУ, бидејќи содржи конзерванси за кои постои сомневање дека делуваат хормонално. Тие состојки веќе одамна се забранети, на пример, во козметичките производи.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Грета Дау од „ТИФ Рајланд“ информираше дека испитувањето на спрејот траело девет дена и притоа се констратирало дека концентрацијата на стакленичките гасови во него, а која изнесува 33 проценти, е неколку пати поголема отколку што е дозволено. Според неа, ниту декларацијата за нето-содржината на боцата не е во согласност со европските прописи, а нема ниту предупредување дека се работи за исклучително запалив производ.

Можни казни доколку се користи

Дау предупреди дека може да се очекува „прекршочна постапка и парична казна“ доколку фудбалските судии во осмото коло од Бундеслигата почнат да го користат спрејот. Од Германскиот фудбалски сојуз опуштено реагираа на тврдењата на „ТИФ Рајланд“.

„Тоа е новина за нас и ќе го провериме тоа“, прокоментира Луц Михаел Фрелих од одделот за судии. „Без оглед на тоа, ние веќе со недели сме во контакт со други понудувачи и бараме алтернативи на скапиот увоз на спрејот од Аргентина. Убедени сме дека ќе пронајдеме решение“, додаде Фрелих.

Фотографија: Fabrizio Bensch/AFP/Getty Images

Спрејот кој се претвора во пена веќе беше користен за време на Светското првенство во фудбал во Бразил, а во тековнава сезона го користат и судиите на натпреварите во Лигата на шампионите и Европа лигата. Него веќе го користат Шпанците во Примера дивизион и Французите во нивната Прва лига.

Имајќи ги во обѕир дискусиите за опасноста за луѓето и природата, ФИФА сака да воведе свои упатства во однос на користењето на овој спреј. ФИФА сака „да бидат дефинирани минимални предуслови за таквите спрејови. Целта е „да се направат високо квалитатетни и безбедни фабрикати“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми