1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Бундеслига- профитот поважен од здравјето?

Андреас Штен-Цимонс
15 мај 2020

Утре (16.05.) продолжува сезоната во германската фудбалска Бундеслига - и покрај коронавирусот. Меѓутоа, не се сите одушевени. Играчите, но и тренерите, лекарите и политичарите предупредуваат на ризици по здравјето.

Deutschland Bundesliga Signal Iduna Park
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Meissner

Бројни управи на германските професионални клубови чувствуваат олеснување бидејќи ќе продолжат натпреварите. Но, сѐ повеќе се слушаат и критичарите, а таквите гласови допираат и од самиот фудбалски погон. „Се плашам да не се заразам на натпревар. Опасноста е присутна во бројните дуели“, изјави Серен Бертрам, напаѓач од третолигашот Магдебург. Тој за весникот „Магдебург фолксштиме“ појасни: „Мислите не ни се слободни, бидејќи по заразата би можеле да имаме проблеми со белите дробови до крајот на животот“.

Слично размислува и социјалдемкратскиот политичар и здравствен стручњак Карл Лаутербах. Тој на социјалните мрежи неодамна објави: „Кој тренира, а е заразен, има ризик од оштетување на белите дробови, срцето и на бубрезите. Ме чуди тоа што играчите дозволуваат да им го прават тоа. Фудбалот мора да биде пример, а не - леб и игри“.Данскиот печалбар во Дрезден, Симон Макиенок,кај кого тестот е позитивен, вели: „Се придржував до сите мерки. И покрај тоа - се случи. Тоа покажува дека човек може да се зарази, сѐедно колку е внимателен“. Тој подоцна ја избриша оваа објава на социјалните мрежи.

„Бум“ на виртуелниот спорт во пандемијата

01:39

This browser does not support the video element.

Долгорочни последици

Инго Фробезе, спортски лекар од Германското високо училиште за спорт во Келн, смета дека „на играчите и на тренерите им се заканува голема опасност, бидејќи е можно инфекциите да доведат до значителни оштетувања“. Тој додава дека заболените секако треба да сметаат на долгорочни последици, бидејќи при големо телесно оптоварување коронавирусот делува поразорно. Фробрезе смета оти играчите се по малку злоупотребени.

Повеќе:

-Коронавирус: Во Германија ќе се игра и фудбал

-Германците скептични околу старт на Бундеслигата

-Што прават познатите фудбалери во самоизолација?

Поранешниот српски репрезентативец Невен Суботиќ е познат по јавното искажување на своите ставови за општествените и за политичките прашања. Играчот на берлинскиот Унион смета дека играчите се изиграни: „Според моите сознанија, играчите немаа влијание на оваа одлука“, изјави тој за Дојчландфунк, додавајќи оти тоа е по малку разочарувачки. Слично мисли и Бертрам кога вели дека играчите никој ништо не ги прашал: „Ние сме само марионети“.

Динамо во карантин

Иако вкупниот играчки кадар на Динамо од Дрезден е затворен во 14 дневен карантин по позитивниот тест на Симон Макиној, Германската фудбалска лига (ДФЛ) се држи до своите термини. „Не го толкувам тоа како чекор назад. Ми беше јасно дека тоа секогаш може да се случи“, вели Кристијан Зајферт, менаџер на ДФЛ и додава: „На почетокот сме на продолжетокот на сезоната. Ако Дрезден мора 14 дена во карантин, тоа не е причина да ја доведеме во прашање целата сезона. Во моментов не ја менуваме целта туку само планирањето.“

Фотографија: Imago Images/S. Kuttner

Динамо, сепак, нема да може да игра. Првиот планиран натпревар е на 17 мај во Хановер, а наредниот на 24 мај во Фирт. Двата натпревара отпаѓаат бидејќи мерките во Динамо траат до 23 мај. Бидејќи играчите на Динамо нема да имаат време за добри поготовки, едвај би можело да се зборува за фер услови.

Куси подготовки

Покрај стравот од заразата играчите и тренерите ги мачи и недостакот време за подготовка: „Осум недели не трениравме, а сега би требало за 5 недели да ги одиграме сите натпревари во лигата, а можеби и дополнителните натпревари на Купот“, вели Серан Бертрам и додава: „При такво оптоварување повредите се неминовни“. Јенс Келер, тренер на второлигашот Нирнберг вели: „Сега би требало да бидеме подготвени по 10 дена екипен тренинг? Како тренер не сум дораснат за таква одговорност кон играчите“. Менаџерот на фудбалскиот клуб Вердер Бремен, Франк Бауман, исто така, смета дека би било добро клубовите да имаа „барем две недели за екипен тренинг“.

Дали повредите ќе се зголемат допрва ќе се покаже. Во Борусија Дортмунд двајца играчи веќе пријавиле повреди на мускулите - Аксел Вицел и Емре Чан, па неизвесно е дали ќе истрчаат на теренот против Шалке во сабота.

Експертот за спортска медицина Фробезе очекува дека играчите ќе покажат знаци на замор помеѓу седумдесеттите и деведесеттите години, така што ризикот од повреди ќе биде поголем. Бундеслигата се обидува да го ублажи проблемот со тоа што ќе дозволи пет замени во текот на играта, наместо претходните три.

Шефот на ДФЛ, Кристијан Зајферт потенцира дека грижите и стравовите треба да се сфатат сериозно: „Овa се легитимни чувства. Никогаш не би се обидел да убедам никого да ги игнорира“, Сепак, Зајферт е за продолжување на натпреварите затоа што подолгата пауза би била прескапа. Тој вели дека 13 од 36 професионални клубови не би преживеале без пари од претстојните телевизиски права.

ДФЛ ќе се соочи со забелешки дека го ставил економскиот интерес над здравјето на играчите, како и дека мечевите  пред празни трибини нема да имаат карактер на нормални и фер натпревари. Иако Зајферт признава дека таквото решение е родено од големи неволја, здравствениот ризик нема да го сноси фудбалските функционери.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми