Руската вакцина за коронавирусот досега е одобрена во многу земји, а и Европската агенција за лекови спроведува проверка на Спутник V. Но, вакцината е контроверзна - зошто?
Реклама
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека Спутник V е „најдобрата вакцина во светот“, а руските медиуми ја слават вакцината како извозен хит.
Но, настрана од пропагандата во Кремљ, дали Спутник V е ефикасно и безбедно средство против коронавирусот? Во проверката на фактите на ДВ, ги претставуваме актуелните сознанија за руската вакцина.
Каква вакцина е Спутник V?
Спутник V е развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија во Москва, Гамалеја и е финансирана од државниот фонд - Руски фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Гам-КОВИД-Вак Лио е векторска вакцина, слична на вакцините на АстраЗенека и на Јансен, компанијата-ќерка на Џонсон и Џонсон. Векторските вакцини се полесни за употреба отколку вакцините со информациска РНК (иРНК), бидејќи можат да се чуваат во вообичаени фрижидери.
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Кај векторската вакцина, безопасните вируси, на пример, неактивните вируси на настинка, ги транспортираат упатствата за склопување на шилестите протеини со кои вирусот Сарс-Ков-2 се закачува на човечките клетки, во телото. Телото на вакцинираното лице го препознава вака вметнатиот генетски материјал како туѓо тело и самото формира антитела и специфични Т-клетки - и двете важни за имунитетот.
Она што е невообичаено е меѓутоа тоа што Спутник V користи два различни човечки аденовируси за првата и за втората вакцинација: прво рАд26 (кој го користи и Јансен) и потоа рАд5. Со ваквата комбинација треба да се спречи веќе постоечкиот имунитет против првиот векторски вирус да се неутрализира со новата имунизација при втората вакцинација. Во спротивно, втората доза не би го постигнала посакуваниот засилувачки ефект.
Колку е ефикасна Спутник V?
Во принцип, употребата на два различни вектори е логична, бидејќи ветува поголема делотворност. Ефикасноста на другите векторски вакцини на АстраЗенека (76%) и на Јансен (85,4%), кои користат само еден вектор, е значително под вредностите на двете иРНК вакцини на Бионтек/Фајзер (95%) и на Модерна (94,1 %).
Колку всушност ефикасна Спутник, не може безусловно да се докаже. Вакцината беше одобрена во Русија во август 2020 година, уште пред безбедносната проверка. Но, дури и осум месеци по одобрувањето во експресна постапка, сè уште нема веродостојни податоци, бидејќи Русија сè уште не ги ставила на располагање клучните примарни податоци на ниту еден независен орган за тестирање на лекови.
Србија: Вакцина за доверба
01:57
Во септември 2020 година, резултатите од студиите во првата и втората фаза на тестирање беа објавени во британското стручно списание Лансет. Меѓутоа, само 38 субјекти учествуваа во секоја од двете студии за безбедност, толеранција и имуногеност. Според овие студии, вакцината покажала силен имунолошки одговор и никој од учесниците немал сериозни несакани ефекти. Во стручниот свет, овие резултати наидоа на силни резерви, не само поради малата група на тестирани луѓе. Некои научници забележаа и необични нешта. Имено, различни испитаници примале целосно различни форми на вакцината, но според студијата, сите тие имале точно исто ниво на антитела во крвта во различни денови. Тоа што испитаниците имале идентична вредност на Т-клетките кои се борат против САРС-КоВ-2, според меѓународните експерти, не може да биде случајност. Во отворено писмо, четириесет истражувачи од Европа, САД, Канада, но и од Русија, укажаа на можна манипулација со податоците.
На 2 февруари 2021 година, руските научници повторно во Лансет ги објавија резултатите од привремената анализа на тековната студија во третата фаза. Според нив, повеќе од 18.000 испитаници биле вакцинирани со по две дози на вакцината во период од три недели. Според студијата, ефекасноста била 91,6 проценти и ниту еден учесник немал сериозни несакани ефекти.
И оваа публикација наиде и на критики меѓу експертите, бидејќи повторно независна проценка без објавување на примарните податоци била невозможна.
Според најновата студија од 3 април 2021 година, Спутник V е ефикасен и против британскиот сој на вирусот Б.1.1.7 и јужноафриканската мутација Б.1.351. Но, и тоа сè уште не е проверено преку стандардниот процес на стручна рецензија .
Што е познато за можните ризици?
По извештаите за четири наводни смртни случаи и шест сериозни здравствени компликации по вакцинирањето со Спутник V, рускиот контролен орган Россдравнадзор негираше директна врска со вакцината.
Покрај типичните реакции на вакцинација, како што се симптоми слична на грип, иритација на кожата на местото на инјектирање, главоболка и исцрпеност, според Россдравнадзор не се регистрирани сериозни несакани ефекти поврзани со вакцинацијата.
Таканаречената постапка за тековен преглед на Европската агенција за лекови (ЕМА) би требало да обезбеди јасност во однос на ефикасноста и безбедноста на вакцината. За препорака за одобрување на Спутник V за целата ЕУ, на ЕМА меѓутоа ѝ е потребен комплетниот сет на податоци. Бидејќи досега доставените податоци од Русија не се доволни за тоа, ЕМА самата се обидува ги добие овие информации на лице место во Русија во постапка за забрзано проверка.
„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“
15:47
This browser does not support the video element.
Каде веќе има дозвола за Спутник V и дали наскоро ќе се користи во ЕУ?
Според истражувањето на ДВ, руската вакцина е одобрена во 60 земји, како и на палестинските територии и во Република Српска (во Босна и Херцеговина). Меѓу нив се земји од целиот свет, како Индија, Мексико, Иран, Гана, Шри Ланка или Србија.
И државите од ЕУ, Унгарија и Словачка, исто така дозволија употреба на Спутник V преку итно национално одобрение - иако препаратот сè уште не е одобрен во ЕУ од страна на ЕМА. Во Унгарија вакцината веќе се употребува, додека во Словачка 200.000 дози Спутник V доставени од Русија не се пуштени во употреба од страна на властите.
Интересот за Спутник V неодамна се зголеми и во други европските земји и региони. Европската комисија во моментов не преговара со производителот за можни испораки, како што го стори тоа со Бионтек/Фајзер и со АстраЗенека во минатата година. Сепак, Чешка, Германија и Австрија сакаат да обезбедат дози од вакцината на билатерална основа.
Пандемија: Животот свртен на глава
Пред нешто повеќе од една година мистериозен нов коронавирус започна да се шири низ светот. Денес, бројот на заразени во пандемијата е над 100 милиони, а секојдневието на луѓето ширум планетата е драматично променето.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
Фотографија: Edgar Su/REUTERS
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
Фотографија: Rodger Bosch/AFP/Getty Images
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
Фотографија: Bai Xuefei/Xinhua/imago images
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
Фотографија: Tyrone Siu/REUTERS
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
Фотографија: Carl Recine/REUTERS
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.
Фотографија: Hanaa Habib/REUTERS
8 фотографии1 | 8
Но тие истакнаа дека руската вакцина ќе се користи само ако биде одобрена од Европската агенција за лекови. Тие исто така не размислуваат за итно национално одобрување без проверка од страна на ЕМА, како што досега постапија Унгарија и Словачка.
На 4 март, ЕМА започна со проверката за отпочнување на постапка за одобрување на Спутник V во цела ЕУ. Дури откако ќе се вреднуваат првичните резултати од научните и клиничките тестови, може да започне реалната постапка на одобрување. Ова би требало да трае од неколку недели до неколку месеци.